Македонија утре во жолта фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи за утре, среда (13.08.2014) се очекува два региона од нашата држава да бидат зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата фаза, односно алертна фаза. Со жолта фаза ќе биде опфатени охридско-преспанскиот и полошкиот регион, односно градовите: Охрид, Струга, Дебар и Ресен, како и Тетово, Гостивар, Кичево, Маврово и Македонски Брод. Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата. Граѓаните од овие региони, како и останатите граѓани треба да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од…

повеќе...

До сабота сончево и многу топло време

Во Македонија денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните делови ќе дува и слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13 до 21 целзиусов степен, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно до 37 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во вторник не очекува сончево и топло, со слаб ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22, а максималните дневни температури ќе се движат од…

повеќе...

Не очекува дождливо време

Во попладневните часови, особено доцна попладне и навечер времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и поинтензивни електрични празнења, локално во форма на невреме со град. Утре и во петок под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во источните делови од земјата, каде локално е можно да наврнат и над 35л/м2. Во сабота ќе биде претежно стабилно, а попладне ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд, особено во планинските подрачја.…

повеќе...

И денес поројни дождови

Продолжува нестабилното време во Македонија. Денес не очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд кои попладне на повеќе места ќе бидат поројни. Ќе дува северен ветер кој повремено ќе се засилува. Можна е и изолирана појава на невреме со град. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени.   Во наредните денови во попладневните часови се уште ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи, но претпладне ќе биде претежно сончево, а температурата повторно ќе биде во пораст. Извор: Нет Прес

повеќе...

Продолжено работното време на угостителските објекти

Со 17 гласови за и 4 воздржани советниците во Советот на Општина Охрид  на денешната 25- та седница ја изгласаа предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти. Во деновите кога во Охрид  се случуваат  значајни културни настани и манифестации се продолжува работното време на угостителските објекти за два часа и тоа: на  трети  и петти јули;  први, втори, трети, осми, деветти  и десетти  август и на шести, седми  и осми  септември 2014 година. Работното време на угостителските објекти се продолжува за 1 час во деновите:  единаесетти, дванаесетти,…

повеќе...

Денеска сончево време, од утре дожд

Времето во Македонија денеска  ќе биде сончево и топло, попладне со мала доумерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени. Во Охрид ќе имаме слично време, со температурата до 30 степен. Утре попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До вторник во претпладневните часови ќе има зголемена облачност со умерен, повремено засилен ветер и со повремени врнежи од дожд. Потоа следува период на сончево и топло време.

повеќе...

Претпладне топло, попладне се очекува дожд

Времето денес во Македонија  претпладне ќе биде сончево и топло со темератури до 34 целузиусови степени. Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец. Во Охрид претпладне ќе имаме сончево и топло време, а попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 16  до 24 степени.

повеќе...

Календарски започнува летото

На северната Земјина полутопка денеска 21 јуни календарски започнува летото и ќе трае до 22 септември кога почнува есента. Во исто време за жителите на јужниот дел на Земјината полутопка почнува зимата. Летото почнува во 12:51 часот, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. За првиот летен ден метеоролозите најавуваат променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, со температура до 22 Целзусови степени. WebOhrid

повеќе...

Силно невреме го зафати Охрид

Невреме го зафати Охрид попладнево, проследено со врнежи од дожд помешани со град и засилен ветер грмежи. Олуците и шахтите не можеа да го прифатат огромното количество вода кое наврна за само неколку минути, при што беа поплавени голем дел од улиците низ Охрид. Слично време ќе имаме и утре (четврток) и во петок, во попладневните часови. Веќе, од сабота ќе имаме постабилно време, освен во западниот дел на Македонија каде не очекува локален дожд. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени. WebOhrid

повеќе...

До сабота врнежливо, од недела стабилно време

Поинтензивни врнежи на дожд помешани со град и засилен ветер се очекува утре и во четврток, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ). До петок не очекува слично време како и досега. Во текот на денот променливо облачно и врнежливо време, а во попладневните часови интензивни врнежи на дожд помешани со град и грмежи во северните и источните делови на Македонија. „Во сабота не очекува стабилизација, освен во западниот дел на Македонија каде не очекува локален дожд, а од недела веќе ќе имаме стабилно време. Температурата ќе се движи од…

повеќе...