Концерт на „Артуро Сандовал“ од САД вечерва на Охридско лето

Легендарниот џез-трубач Артуро Сандовал од Куба, кој денес важи за еден од најценетите чувари на џезот, но и за реномиран класичен музичар, пијанист и композитор ќе настапи вечерва, во 20:30 часот на  Античкиот театар во рамки на „Охридско лето“. На програма ќе бидат изведени повеќе дела од џез-музиката. Артуро Сандовал е еден од најдинамичните и најенергичните музичари на денешнинава. Добитник е на 10 Греми награди, 6 Билборд награди и една Еми награда. Редовно настапува со водечките симфониски оркестри низ светот, а соработката со некои од најголемите музички ѕвезди денес резултирала со…

повеќе...

Концерт на пијанистката Ана Виницкаја од Русија вечерва на „Охридско лето“

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, во 21 часот, во црквата „Св. Софија“, концерт ќе одржи пијанистката Ана Виницкаја од Русија. На програмата ќе бидат дела од Р. Шуман, Ј. Брамс и Ф. Шопен. Со своите многубројни концерти низ св етот, пијанистка Ана Виницкаја стекнала углед на исклучителен пијанист. Своето образование го започнува под менторство на своите родители-пијанисти, а подоцна се запишува на Конзерваториумот „Сергеј Рахмањинов“ кај видни професори од оваа област, меѓу кои и познатиот руски пијанист – Евгениј Королиов. Како солист редовно настапува со некои од најреномираните…

повеќе...

Рибља Чорба, Студени нозе, Ефто Пупиновски на Пиволенд, отворен конкурс и за млади музичари

Пиволенд“ и оваа година ќе се погрижи да ја вжешти атмосферата во Скопје по завршувањето на летните одмори. Од 31 август до 4 септември, Скопското Кале ќе биде збирно место на сите љубители на пивото и добрата забава. Од организацијата откриваат дел од изведувачите кои ќе се погрижат за одлична атмосфера. Ќе се потсетиме на старите хитови на „Студени нозе“, ќе ја пееме во еден глас „Туѓа си бескрајно“ со Ефто Пупиноски, ќе не фати носталгија со „Рибља Чорба“, а ќе ги чуеме и „Трибјут ту Колдплеј“, енергична рок музика…

повеќе...

Концерт на „Дамјан Пејчиновски трио“ на Охридско лето

Вечерва, во 21 часот, во клубот Куба либре, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, концерт ќе одржи Дамјан Пејчиновски трио“ (гитара, бас, ритам гитара, Македонија). Триото го сочинуваат Дамјан Пејчиновски, Горан Гешоски и Стефан Миладинов. На програмата се класични дела во џез-аранжмани, како и дела од „џипси- џез“ (gypsy jazz) музиката. Горан Ѓешовски дипломирал џез-музика на Националната музичка академија во Бугарија, а своето знаење го надградувал на бројни мајсторски курсеви кај истакнати џез- басисти. Значајна е неговата соработка со македонската етно група „Синтезис“, како и „Тавитијан брадрс трио“ (Tavitjan brothers trio) со…

повеќе...

Илинден одбележан во манастирот „Св. пророк Илија“ – Мешеишта

Големиот македонски празник Илинден, денес се одбележа и во манастирот „Св. пророк Илија“ во с. Мешеишта, општина Дебрца. Голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Традиционално, на присутните им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика, односно присутните ги забавуваше пејачот Влатко Миладиновски. Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник. Црквата „Св. Илија“ е главна манастирска црква на Мешеишкиот манастир.…

повеќе...

Концерт на „Хортус Музикус“ од Естонија на Охридско лето

Вечерва, во 21 часот, во црквата „Св. Софија“ во Охрид, во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“, концерт ќе одржи камерниот оркестар „Хортус Музикус“ од Естонија. „Хортус Музикус“ е еден од најстарите ансамбли во Источна Европа. Основан е во 1972 година од страна на неговиот уметнички директор и диригент Андрес Мустонен, и оттогаш постојано е присутен на светските концертни сцени во Соединетите Американски Држави, Јужна Америка, голем број европски земји, Израел, Русија и Јапонија. На репертоарот на овој ансамбл, покрај останатите дела, се наоѓа и музика која датира уште…

повеќе...

Гашо Тришески – Гаги е најубаво облечен фолкер на македонската фолк сцена

Гаги Тришески е најубаво облечениот фолкер на македонската фолк естрада Насловот оправдано е таков, бидејки Гаги навистина е најстилски и најубаво облечениот македонски фолкер! Секогаш на неговите настапи е скоцкан од глава до пети и изгледа навистина перфектно во неговиот омилен бренд, а тоа се костимите на Dolce&Gabbana! Гаги периодов сними две нови песни кои стилски многу се разликуваат мегусебно. Имено се работи за две песни од различни автори и тоа:едната е авторско дело на нашата позната фолкерка Силвана Крстовска и е со помодерен текст и ритам ,арранжманот го направи…

повеќе...

Балканските рок ѕвезди Ван Гог вечерва со концерт во Охрид

Во дополнителната програма на Охридско лето, српскиот рок бенд Ван Гог ќе го прослави својот јубилеј 30 години дел од балканската музичката сцена. Вечерва, со почеток во 21 часот, на локација на Долни Сарај, Охрид, еден од најголемите балкански рок состави, ќе одржат концерт, во рамки на дополнителната програма на Охридско лето. За време на концертот Ван Гог ќе ја забавуваат публиката со стари и нови хитови. Групата Ван Гог е формирана во 1986 година кога го објавуваат и нивниот прв сингл „Трагови на минатото“. Досега имаат објавено 9 албуми,…

повеќе...

Шпанска вечер на „Охридско лето“

„Пијано 4 раце” од Шпанија, вечерва во рамките на фестивалот Охридско лето. Двојката пијанисти Карлес Лама и Софија Кабруха, во светот се познати по неверојатната синхронизираност, брилијантната техника, како и одличното познавање на сите жанрови во уметничката музика. Пијанистите Кабруха и Лама се познати по неверојатната синхронизираност, брилијантната техника, како и одличното познавање на сите жанрови во уметничката музика. Заедно музицираат уште од 1987 година. На нивниот репертоар се наоѓаат речиси сите големи дела за четирирачно пијано, уште од времето на Јохан Себастијан Бах, па сè до делата од 21-виот…

повеќе...

Концертот на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија во живо и на интернет

Вечерашниот концерт на камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, под диригентската палка на маестро Саша Николовски-Ѓумар ќе може да се следи во живо на веб-страницата на „Охридско лето“, www.ohridskoleto.com.mk, а преносот од катедралната црква „Света Софија“ ќе започне од 20 часот, час пред започнување на концертот. Сите љубители на музичката уметност кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква, ќе може да уживаат во концертот преку интернет. „Лајв-стримингот е новина што се практикува на сите светски фестивали. „Охридско лето“ ја воведе ваквата практика на веб-продукција што…

повеќе...