Со финансиски средства од Каен ќе се заштитува културното наследство во стариот дел од градот

„Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид“, е проектот со кој Општина Охрид аплицираше и доби средства за негова реализација  во износ од 13 000 евра  од Каен – Долна Нормандија. Проектот е дел од програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија и се реализира преку Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија. Носители на проектните активностите ќе бидат општина Охрид  и општина Каен во соработка со Завод и музеј од Охрид. Оваа конкретна соработка меѓу Општина Охрид и Општина Каен е…

повеќе...

Активностите на Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридско Езеро – позитивен пример претставен во најновиот Водич за имплементација на Светската конвенција за прекугранични води

Активностите на Билатералниот секретаријат околу заштита на сливот на Охридско Езеро влегоа како позитивен пример во последното издание на официјалниот Прирачник на Обединетите нации за значајни прекугранични проекти како водич за имплементација на Светската Конвенција за прекугранични води. Во луксузното издание на Прирачникот на ООН на страна 37 покрај текстот за заштитата на Езерото и за воспоставените прекугранични институционални активности и цели, се наоѓа и фотографија на Охрид што е извонредна бесплатна реклама низ светот за градот и неговото природно и културно наследство . Покрај ова Билатералниот Секретаријат, пред тоа…

повеќе...

Пановски: Очекувам позитивни оценки од УНЕСКО, a подоцна и активирање на акционен план за управување на Биосферниот резерват

Тимот кој работеше на изготвување на Номинацијата за прогласување на Прекуграничен биосферен резерват Охрид Преспа под УНЕСКО, во предвидениот рок во четвртокот ја испрати Номинационата форма до седиштето на УНЕСКО во Париз. Номинацијата е примена вчера петок во Унеско во 14:48 часот. Од тогаш почнува процесот на оценка на апликацијата за кое првично изјаснување Комисијата при УНЕСКО ќе го има во Ноември, а конечната одлука следнава пролет. Актот е испратен со писма за поддршка од Министерите за животна средина на Република Македонија и Република Албанија и од Националните Комисии на…

повеќе...