Прва минимална инвазивна интервенција на итен пациент на Клиниката за Државна кардиохирургија

На Државната кардиохирургија завчера е извршена првата минимална инвазивна интервенција на итен пациент во животнозагрозувачка состојба. Операцијата ја изведе хирургот Омер Џемали од „Триемли хоспитал“ од Цирих заедно со докторите од Државната кардиохирургија, а пациентот се чувствува добро и наскоро ќе биде преместен во обична соба. Ова го истакна министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на Државната кардиохирургија во Скопје. „Со отпочнувањето на минимално инвазивни кардиохируршки интервенции на итни пациенти отидовме уште еден чекор понапред во типот на услуги кои се даваат на Државната кардиохирургија и интервенциите што…

повеќе...

Зголемена свесност за рано откривање карцином на дебело црево-ФОБ тест направиле над 1.600 лица

Над 1.600 лица извршиле превентивен преглед со ФОБ тест од почетокот на годинава во рамки на превентивниот скрининг за карцином на дебелото црево, кој го спроведува Министерството за здравство. Од извршените прегледи, кај 938 лица е утврдена потреба од дополнителни испитувања, при што кај седум лица е добиен позитивен наод за карцином на дебело црево (колоректален карцином). Превентивниот скрининг за карцином на дебело црево, соопшти Министерството за здравство, се препорачува кај лица на возраст од над 50 години, а ФОБ тестовите се достапни кај секој матичен доктор и се бесплатни.…

повеќе...

Препораки за заштита на здравјето на населението во поплавените подрачја

Препораки за заштита на здравјето на населението во поплавените подрачја: – Се препорачува користење на пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите. – Водата се преврива така што садот со вода се става на шпорет да зоврие (10 минути), потоа се отстранува и се остава да се олади, а притоа во водата не треба да се става мраз. – Се препорачува миење на рацете со сапун после чистење, пред подготовка на храната, пред јадење,…

повеќе...

Епидемиолошката состојба во Тетовско стабилна

Епидемиолошката состојба во Тетовско е стабилна. Континуирано се преземаат сите противепидемиски мерки од страна на надлежните установи и нема појава на заразни заболувања. Според резултатите од испитувањата во Тетово, каде што е воспоставена континуирана дезинфекција на градската водоводна мрежа, и во населените места Лешок и Непроштено, водата за пиење е исправна, додека во останатите рурални подрачја зафатени со поплавите, водата е неисправна и забранета за пиење. Извршена е дезинфекција на површина од околу 25.000 метри квадратни, постојано се делат таблети за дезинфекција на водоснабдителните системи, а се врши и едукација…

повеќе...

Над 80 отсто од пациентите задоволни од функционирањето на МојТермин

Последното истражување на Министерството за здравство, спроведено во јули оваа година, покажа дека над 80 отсто од пациентите се задоволни од функционирањето на системот „Мој Термин“, информираше на прес-конференција, Милан Аризанковски, проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи МојТермин, при што истакна дека процентот на задоволни пациенти пораснал за 12.5 отсто од минатото истражување. „Најголемиот број од пациентите во истражуавњето покажува дека 93.8 проценти не им се случило да дојдат на закажан преглед, а притоа докторот да не е во амбуланта, а претходно пациентите да не се известени за тоа.…

повеќе...

Во Охрид успешно реализирана акцијата „Здравје во твои раце”

Вчера во центарот на Охрид се случуваше интересна акција која ги соедини сите оние кои се грижат за своето здравје, сакаат да спортуваат, дружат и пијат здрав пијалок, јогурт. Се подаруваа и возеа велосипеди, се спортуваше и ширеа здрави навики. „Позитивни и среќни лица, убава атмосфера надополнета со ширење на здрави навики, возење велосипеди и конзумирање на јогурт, еден од најздравите пијалоци кој секојдневно треба да го пиеме. Таква е сликата која што вчера можеше да се види во центарот во Охрид, благодарение на успешно реализираната кампања на Здравје Радово…

повеќе...

Владата со препорака-бремените и хронично болните над 60 години до вторник ослободени од работни обврски

Бремените жени и хронично болните лица постари од 60 години, од денеска до вторник (28 јули) треба да се ослободени од работните обврски, препорача вчера Владата на предлог Министерството за здравство.  Како што соопшти Министерството за здравство, во истиот период се препорачува и работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.  Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од…

повеќе...

Неоткажувањето на термините за преглед ги зголемува листите на чекање

Се зголемува бројот на пациенти кои навреме го откажуваат закажаниот термин за преглед/снимање на кој не биле во можност да дојдат, но се уште е голем бројот на пациенти кои не се појавиле на закажаниот термин и претходно не го откажале, а дел од нив не се појавиле на закажаниот термин дури 14, 15 и 17 пати, покажаа резултатите од анализата на податоците на системот МојТермин. Пациентите кои не можат да дојдат на закажаниот преглед, можат да го откажат со јавување на телефонскиот број 15 444 или со праќање СМС…

повеќе...

Утре земјено запрашување против комарци на територијата на општина Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Дебрца за спроведување на превентивната систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека утре (петок), екипата на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 20.30 до 06:00 часот,со апарат за УЛВ ладно…

повеќе...

Шумски јагоди – лек од памтивек

Шумските јагоди (Fragaria vesca) се прилично застапени во нашите шуми. Во минатото биле одгледувани во поголема мера, но со тек на време биле заменети со градинарската јагода која дава поголем плод. Но, тој што пробал шумска јагода знае која е разликата помеѓу малечка шумска јагода и голема градинарска јагода. Како црвени жарчиња во шумското зеленило, ова овошје покрај вниманието го поттикнува и апетитот на секој посетител на нашите шуми. Како природен лек шумските јагоди го нормализираат зголемениот крвен притисок, ги намалуваат масните наслаги во крвните садови, го јакнат срцето и…

повеќе...