Од почетокот на годинава над 340 здравствени работници се испратени на едукација во реномирани медицински центри во Европа и светот во рамки на проектот за едукација на здравствениот кадар во странство, што континуирано се спроведува во изминатите три години. За овој месец, соопшти Министерството за здравство, се одобрени едукации во странство на 90 здравствени работници, од кои досега се испратени 72 здравствени работници, во повеќе медицински центри во Европа и САД меѓу кои: Универзитетски медицински центар АКХ – Виена; медицински центар Роналд Реган – УКЛА, САД; Клиника Штутгарт; Универзитетски клинички…
повеќе...Tag: здравство
Нов циклус организиран скрининг за рано откривање рак на грлото на матката
Министерството за здравство годинава продолжува со организиран скрининг за рано откривање карцином на грлото на матката во рамки на кој жените на возраст од 24 до 35 години треба да се јават на бесплатен преглед со ПАП тест кај својот матичен гинеколог со цел рано откривање на малигно заболување кога можноста за спасување или продолжување на животот е голема. Д-р Јованка Костовска информираше дека од 2012 година е почнат организиран скрининг за рано откривање на карцином на грлото на матката со тригодишен интервал, кога се опфатени жените на возраст од…
повеќе...Отворен Центар за палијативна нега на пациенти во Охрид
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во рамките на работната посета на Охрид го отвори првиот Центар за палијативна грижа на пациенти, што ќе функционира во рамките на Општата болница во градот. „Станува збор за оддел во кој ќе се третираат терминално болни пациенти. Овој проект го започнавме поради трендот на стареење на населението во земјата и оттаму се поголемата потреба за вакви центри, во кои ќе се води нега на пациенти кои се проблем за домашна нега“, истакна тој. Во почеток во болницата во Охрид Центарот за палијативна нега…
повеќе...Почна да функционира електронската мајчина книшка
Министерството за здравство ја воведе електронската мајчина книшка која од вчера е достапна и во „мој термин“ и ја пополнуваат сите матични гинеколози во државава. Податоците од книшката ќе може да ги користи матичниот гинеколог, но и сите гинеколози во породилиштата во Македонија, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Во прво време, рече, електронската мајчина книшка ќе функционира заедно со хартиената, а подоцна ќе се оди само на електронската верзија од која податоците се добиваат во реално време и се чуваат во централен сервер со што шансите за нивно…
повеќе...Индиска помош за осовремување на македонското здравство
Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска оствари средба со д-р Кришнан Ганпати, претседател на „Apollo Telemedicine Network Foundation”, меѓународен конзорциум од 57 болници. Средбата е резултат на Меморандумот потпишан меѓу Владата на Република Македонија и индискиот “Аполо“, со кој се предвидува усовршување на македонските лекари во Индија и вмрежување на Македонскиот здравствен систем во телемедицинскиот систем на “Аполо“. Телемедицината е релативно нова гранка на медицината, која со користење на современата информатичка технологија, овозможува врвна здравствена услуга, совладувајќи ги просторните и временски бариери. Со проектот кој веќе е во тек, покрај неколку месечните…
повеќе...Клинички патеки за третман на лица со малигни заболувања
Министерството за здравство од денеска на својата веб-страница ги постави 32. клинички патеки за третман на лица со малигни заболувања, изработени од стручни лица членови на тумор-бордовите од повеќе области на медицината, кои ќе бидат отворени за коментари од пошироката јавност до понеделник по што ќе бидат објевени во Службен весник и ќе стапат на сила и задолжително ќе се применуваат насекаде во земјава. Изгортвените клинички патеки се за третман на малигни заболувања кои најчесто се појавуваат како што се карцином на дојка, на бели дробови, меланом, карцином на кожа,…
повеќе...Почна Националната скрининг-програма за рано откривање на рак на дојка
Почна спроведувањето на Националната скрининг-програма за рано откривање на рак на дојка. Во повеќе градови низ Македонија вчера и завчера се извршени речиси 200 мамографски скрининзи. За денеска се закажани 148 скрининзи во јавните здравствени установи низ државата. Република Македонија е 27. земја во светот која воведува ваква скрининг-програма согласно европските и светски стандарди. Мамографскиот скрининг, кој е бесплатен за секоја жена, претставува периодично правење на мамографија на навидум здрава жена без присутни симптоми на рак, со цел откривање на заболувањето во неговиот претклинички стадиум. Министерот за здравство Никола Тодоров…
повеќе...Започнаа „Отворените денови за осигурениците“ во сите подрачни служби на ФЗО
Почнувајќи од денес – секој четврток од 10:00 до 15:00 часот ќе бидат „Отворени денови за осигурениците“, во сите подрачни служби на Фондот за здравствено осигурување. Подрачната служба Охрид за успешно реализирање на овој Проект одреди посебна просторија, (сала за состаноци – соба бр. 13 на втори кат) и службеници кои ќе се потрудат да им помогнат на осигурениците со информации за остварување на нивните права и обврски од здравственото осигурување. Во Струга, осигурениците можат да се обратат во канцеларија бр. 2, 3 и 13. Инаку, како и до сега,…
повеќе...Тодоров: Значителен напредок во здравствениот сектор
Оваа година во здравствениот сектор го одбележавме веројатно најголемиот успех досега. Според рангирањето кое го прави Европската унија на здравствените системи во Европа, Република Македонија постигна највисок скок досега од која било земја во историјата на рангирањето. Беше рангирана на 16. место и направи скок од 11 места со што стана најдобро рангирана земја во целиот регион на Југоисточна Европа и подобро рангирана земја од 16 земји-членки на ЕУ. Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој на одбележувањето на 7 Април, Светскиот ден на здравјето, рече дека за овој значителен…
повеќе...Во Македонија отворен Медицински симулациски центар
Медицински симулациски центар е отворен денеска во Скопје. Сместен е на Клиниката за гинекологија и акушерство и во него студенти, специјализанти и доктори ќе можат да се обучуваат и да тренираат на симулации изведени на специјални кукли или т.н. манекени на кои може да симулираат многу животно загрозувачки ситуации врз основа на протоколи и врз основа на стандарди. Медицински симулациски центар денеска го посети министерот за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека симулациите се веќе направени и има можност за нивна реална имплементација односно реално едуцирање на студенти, специјализанти, доктори…
повеќе...