Превенција од срцеви заболувања, бубрежни заболувања и дијабетес

Почетокот на 2014 година се воведоа нови превентивни мерки и активности кај матичните лекари. Оваа договорена активност со Фондот за здравствено осигурување како проект на Владата на Р. Македонија, матичните лекари, за првите шест месеци од 2014 година ја спроведе на 325.000 лица. Фондот во името на своите осигуреници е благодарен на матичните лекари, кои кај здравата популација открија: – ризик од срцеви заболувања кај 55.000 лица, – ризик од дијабетес и дијабетес кај 45.000 лица, – ризик од бубрежни заболувања кај 12.000 лица. Сакаме да напоменеме дека овие бројки се однесуваат…

повеќе...

Избрана алтернативата за проектот „Побрза исплата на надоместоци и боледувања“

Во врска со трите предложени модели за побрза исплата на надоместоци и боледувања, Владата на Република Македонија, на последната Владина седница, одлучи дека најповолен е третиот модел на административно олеснување. Причините за реализација на овој проект делумно се поради ненавремената исплата на надоместокот, за што, според анализите на Фондот, во голем број причините се и кај самите фирми, поради ненавремените поднесоци од нивна страна,како и поради грешките вопресметките за надоместокот. Токму затоа Фондот направи широка дебата со претставници на Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Македонија, Организацијата на работодавачи на…

повеќе...

Специјалисти од Македонија ќе се обучуваат во болницата Сент Џозеф во Париз

Министерот за здравство Никола Тодоров во рамки на работната посета на Франција денеска се сретна со Жан Патрик Лајончер, директор на приватната болница Сент Џозеф во Париз. На средбата, како што соопшти ресорното Министерство, било договорено 10 доктори-специјалисти од Република Македонија да се едуцираат во оваа врвна здравствена установа во Франција. Прв треба да замине специјалист од областа на анестезиологијата, чија обука ќе се реализира на почетокот на јануари 2015 година. На средбата, како што е наведено, била разгледана можноста доктори специјалисти од Македонија да заминат на повеќегодишна специјализација во…

повеќе...

Едукација на матични лекари 2014 / 2015

Почитувани, согласно Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/13 и 39/14), започнуваат едукациите за избрани лекари организирани од Министерството за здравство. Присуството е задолжително. Некои избрани лекари почнуваат веќе од викендот кој доаѓа, т.е 29ти / 30ти ноември 2014 година. За повеќе информации датумот, местото и времето на одржување на едукациите погледнете го РАСПОРЕДОТ. а. РАСПОРЕД (ЛИНК) б. Групи Пункт Битола Пункт Велес Пункт ГОСТИВАР Пункт КОЧАНИ Пункт КУМАНОВО Пункт Охрид и дел Прилеп Пункт ПРИЛЕП Пункт Скопје 1…

повеќе...

Лекарите – специјалисти ќе добијат покачување на платата за 25 отсто

Министерот за здравство, Никола Тодоров, најави дека до февруари идната година ќе бидат зголемени платите на лекарите -специјалисти вработени во скопските клиники, за околу 25 отсто. Парите биле заштедени од одредени набавки, а претходно, како што рече, оделе во нечии џебови. „Со последната набавка во која се набавени двата најскапи лекови, беа заштедени околу 6 милиони евра. Како резултат на овие заштеди, Владата и Министерството за здравство донесоа одлука да се зголемат платите на сецијалистите вработени во клиниките во Скопје, и тоа за 24,92 проценти“, истакна Тодоров. Извор: Нет Прес

повеќе...

Петти Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет во здравствените системи во Анталија Турција

На 5-тиот Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет кои се одржува во Анталија, Р.Турција, голем број на презентери ги претставија новините во здравството во нивните земји. Турција како земја домаќин, ги претстави своите големи проекти кои се планираат во здравството како и веќе постигнатите резултати. Најголем интерес кај учесниците на конгресот предизвика претставувањето на проектот за отворање на мега-болници во големите градови во Турција. Овој проект предвидува отворање на болници со над 5.000 болнички кревети преку јавно-приватно партнерство во 5 градови. Агенцијата за акредитација на здравствени установи при министерството за здравство…

повеќе...

Е-потврди за редовни студенти

Со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“ Фондот овозможи големи придобивки за редовните студенти, кои до сега потврдата за редовно школување требаше да ја заверат во студентски прашања, па да ја достават на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ. Со новиот проект, ФЗОМ секоја нова потврда/промена за редовно школување ја добива по електронски пат од соодветната образовна установа за високо образование. ФЗОМ го овозоможи ова олеснување за студентите, но како што беше кажана и на прес конференцијата, во првиот семестар одредени факултети укажаа дека треба да направат прво техничко прилагодување…

повеќе...

Нови услуги на истурените шалтери на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите осигуреници дека од 20 ноември 2014 година, заверка на потврди за отопедаски помагала кои до сега се вршеа во подрачната служба во центар, ќе се вршат и на истурените шалтери на ФЗОМ во поликлиниките во Ѓорче Петров, Ченто, Драчево, Чаир, Шуто Оризари и истурениот шалтер во општина Илинден. Работно време на истурените шалтери е секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот. Правото на осигуреникот за заверка на одредено ортопедско помагало, според критериуми дефинирани во Правилникот за ортопедски помагала, отсега ќе…

повеќе...

Меѓународна конференција на земјите – членки на здравствената мрежа на ЈИЕ

Имплементацијата на стратегијата Здравје 2020 на Светската здравствена организација, овозможување посебна група во рамки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа во случај на определени елементарни непогоди која би имала за задача брзо организирање на сите земји-членки на мрежата за подобра координација и помош меѓу нив, како и поголема мобилност на лекарите во тие земји и нивна едукација. Ова се трите главни цели за кои се дискутираат учесниците на меѓународната конференција на земјите – членки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа, која почна денеска во Скопје во рамки на македонското претседателството…

повеќе...

Тодоров: Со набавка на апарати преку реагенси заштеди и побрзи услуги

Со новиот лабораториски биохемиски анализатор на Универзитетската клиника за детски болести досега се направени околу 90.000 анализи, што, според министерот за здравство Никола Тодоров, говори за високото ниво на искористеност. Новиот апарат е со капацитет од 800 анализи на час, а на детската клиника се прават по 1.200 такви анализи дневно. Обезбеден е преку тендерот на Министерството за здравство за набавка на апарати преку реагенси. Со таквите набавки, најави денеска Тодоров, ќе се продолжи затоа што се постигнуваат заштеди за клиниките и болниците и истовремено се добива опрема од најнова…

повеќе...