Донација во здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани

Денес Директорот на Здравствен дом „Д-р Светозар Чочороски“ Вевчани, Боро Пешиноски и Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски примија донација вредна 150.000 американски долари од Снежана Ставреска која живее и работи во САД, а потеклото по мајка и е од Вевчани. Донацијата се состои во: Еко колор доплер апарат, Пиштол за корбиопсија; 12 канален ЕКГ апарат; Холтер ЕКГ апарат за 24 часа следење на срцева работа. Со оваа донација се прошируваат дијагностичките можности на Здравствениот дом со нови дијагностички процедури и техники. Градоначалникот на општина Вевчани и Директорот на Здравствен дом Вевчани во името…

повеќе...

Од август се проширува листата на нутритивни продукти за лица со ретки болести

Фондот за здравствено осигурување на Македонија  ја информира јавноста дека по примерот на многу европски земји излезе во пресрет на лицата со ретки болести преку проширување и воведување на нова група на нутритивни продукти на товар на Фондот. „Овозможивме нутритивни продукти за лица со ретки болести , а тоа се посебни видови на брашно, млеко и масло за јадење кои што претставуваа основна исхрана и лек за овие лица. Оваа вулнерабилна група на граѓани во својата исхрана не може да вклучи продукти кои содржат одредени протеини и масла, а без…

повеќе...

Груевски: Придонеси на хонорарци се плаќаат во 95 проценти од државите во Европа

Од законските измени со кои на работниците со договор на дело или авторски договор работодавачот ќе мора да им плаќа придонеси за пензиско и здравствено осигурување ако имаат поголеми примања од минималната плата, ќе бидат задоволни голем број лица, смета премиерот Никола Груевски. Според Груевски, измените уследиле по поплаките дека токму избегнувањето плаќање придонеси од сопствениците на компаните е причина работниците да не добијат вработување на определено време, но и праксата за плаќање придонеси во европските држави. „Во минатиот период забележавме и имавме поплаки од многу луѓе дека тие не…

повеќе...

Тројца мртви и седум заболени од бактеријата листерија, внимателно со храната

Комисијата за заразни болести во присуство на Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска во доцните попладневни часови одржа состанок, кој е трет по ред во изминатите четири дена, по добиените информации од Институтот за јавно здравје дека за еден месец е регистрирана појава на седум случаи кај кои лабораториски е потврдено присуство на бактеријата листерија, а со цел разгледување на состојбата и донесување предлог мерки. При тоа, 5 од пријавените случаи се со дијагноза листериозен менингитис или менинго енцефалитис, а две новородени деца се со дијагноза листериозна сепса. Од пријавените…

повеќе...

Од 15-ти септември почнува практична имплементација на Законот за медицинските студии

Со почетокот на новата академска година, од 15 септември почнува практична имплементација на Законот за медицинските  студии и континуирано стручно  усовршување на докторите по медицина, кој беше донесен минатата година. Тоа е една многу крупна реформа која треба да овозможи подигнување на нивото на квалитет на здравството во Македонија како резултат на подигнување на нивото на квалитет на знаења, вештини и ставови на студентите односно докторите кои ќе завршат по овие нови програми. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека од оваа година…

повеќе...

Во септември ќе почне едукацијата на првата група доктори и медицински сестри во Франкфурт

Министерот за здравство Никола Тодоров во рамки на работната посета на Германија, денеска потпиша Меморандум за соработка со реномираната Универзитетска клиника во Франкфурт, која се наоѓа во рамки на „Гете Универзитетот“. Потпишаниот меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Гете Универзитетската клиника во Франкфурт, опфаќа соработка во голем број медицински области, како што се: интерна медицина, торакална и васкуларна хирургија, кардиологија и кардиохирургија, педијатрија, гинекологија, анестезиологија, неврологија и неврохирургија, ортопедија, офталмологија, дерматологија, радиологија и други. Воедно, во рамки на соработката со Гете Универзитетската клиника, соопшти Министерството…

повеќе...

Работна посета и состаноци на директорката на ФЗОМ

Финансирањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита, електронскиот систем на интегрирано здравство и е-услугите на ФЗОМ, решенијата и новините кои ги воведува Фондот за здравствено осигрување на Македонија, како и предизвиците за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, добрата пракса и успешните проекти беа тема на еднодневната официјална посета на делегацијата од Заводот за здравствено осигурување на Херцеговачко-неретванскиот кантон од Босна и Херцеговина. Посетата на Фондот за здравство е на иницијатива на босанската делегација, која поттикната од постигнатите резултати во здравствените реформи, презентирани на VII Регионален форум на фондови за здравствено осигурување од регионот, што се…

повеќе...

Нови измени во позитивната листа на лекови

23 генерики односно 85 заштитени имиња стануваат подостапни од 8 јули 2014 година за 250.000 осигуреници. Односно 733.000 рецепти осигурениците побрзо ќе ги реализираат. Новите промени во Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот се направени по барање на лекарите, но и врз основа на анализите на ФЗОМ, според кои се оцени дека има и медицинско оправдување за новата либерализација на овие лекови од позитивната листа.  Одлуката објавена во Службен весник на РМ со број 98 од 30 јуни 2014 година,опфаќа 2 измени во делот на режимот на пропишување на одредени лекови.   1.…

повеќе...

Тројца хирурзи се очекува да одат на субспецијализација во Центарот за трансплантација во Кембриџ

Тројца хирурзи од Македонија се очекува да одат на субспецијализација во Центарот за трансплантација во Кембриџ. До крајот на годинава се очекува да оди првиот кандидат, потоа во период од шест месеци вториот кандидат, а третиот кандидат ќе оди идната година. Идејата е после две години тие да се вратат како субспецијалисти од Кембриџ во делот на трансплантација на бубрег, црн дроб и мултитрансплантации (трансплантации на повеќе органи). Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска во просториите на Министерството се сретна со претставници од Центарот за…

повеќе...

Договорена соработка со Јапонија во здравствениот и железничкиот сектор

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (понеделник, 30.06.2014 година) оствари средба со Тоцео Тамута, претседател на бордот на директори на Jапан Реилвеј Ист (ЈРИ) Компани. Јапан Реилвеј Ист Компани е компанија која се занимава со бизнис во повеќе сфери, меѓу кои и железничкиот сообраќај и медицината, и која на годишно ниво остварува приход од 28 милијарди долари, а добивка од околу 2 милијарди долари. Премиерот Груевски ја посети и болницата која е во сопственост на ЈРИ, и која е особено успешна и позната во Јапонија во…

повеќе...