Во рамки на проектот „Домашна визита“ кој опфаќа превентивни здравствени прегледи со цел зголемување на грижата за постарите и изнемоштени лица и дополнително приближување на здравствената заштита до оваа категорија граѓани, од ноември 2013 година, кога почна неговото спроведување, досега, патронажните тимови во седум последователни бранови посетиле 118.684 лица во нивните домови. Станува збор за eден од поважните проекти во делот на превентивата за вршење превентивни прегледи со цел навремено дијагностицирање болести, како и полесно лекување и излекување на оние на кои ќе им биде дијагностицирано определно заболување. Министерот за…
повеќе...Tag: здравство
„Рурален доктор“ досега реализираше околу 160 илјади прегледи
Околу 160.000 прегледи се реализирани во периодот од март 2014 година досега, во рамки на проектот „Рурален доктор“ на целата територија на државата. Станува збор за проект со кој се опфатени жителите на населени места во Република Македонија кои немаат директен пристап до здравствени услуги од примарно ниво во близина на местото на живеење, со цел да се овозможи подостапна здравствена заштита на ниво на целата држава, односно континуитет во обезбедувањето здравствена заштита на жителите во тие населени места. Ова денеска на прес-конференција за реализацијата на проектот „Рурален доктор“ го…
повеќе...Од утре еходијагностика на абдомен и тироидеа во Поликлиниката во Драчево
Во Поликлиниката Драчево утре почнува да функционира Кабинетот за еходијагностика на абдомен и тироидеа. Двајца специјалисти ќе ги прегледуваат пациентите од населбата Драчево и околината, кои досега беа препраќани или во други поликлиники или во терцијално здравство. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Поликлиниката и најави дека од утре таму се воведува нова дијагностика за околу 80.000 жители кои гравитираат во овој дел на Скопје. „Станува збор за еходијагностика којашто досега воопшто не беше овозможена на пациентите од овој регион на градот. Станува збор за ехо на абдомен…
повеќе...ФЗОМ: Граѓаните кои не ги подигнале здравствените картички да дојдат и да ги подигнат во подрачните служби
Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира дека по три недели од изработката и дистрибуцијата на електронските здравствени картички во подрачните служби, досега се подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541 за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките. Од ФЗОМ ги повикуваат граѓаните кои не си ги подигнале картичките да дојдат и да си ги подигнат во подрачните служби, при што можат веднаш да направат и активирањето на новите картички, или тоа да го направат кај својот матичен лекар. При првата употреба на…
повеќе...Нови електронски услуги – електронски барања за рефундација за болничко лекување, лекови на рецепт и на вграден и потрошен материјал
Фондот за здравствено осигурување на Македонија продолжува да промовира нови електронски услуги, во рамки на месец февруари кој е прогласен за месец на електронски услуги. Денес, Фондот на својот портал промовира три нови електронски услуги за правата кои се гарантирани врз основа на закон за осигурениците кои досега беа достапни само во хартиена форма, а од сега ќе можат да ги добијат поедноставно, побрзо и поефикасно по електронски пат преку новите електронски услуги кои денеска ги промовираме. Денес директорите на Фондот ги промовираа следните три нови услуги: 1. Електронско барање за…
повеќе...Промовиран нов современ ехо апарат на Клиниката за нефрологија
Нов современ ехо апарат со многу голема прецизност во дијагностицирањето е промовиран денеска на Клиниката за нефрологија. Апаратот овозможува напредно ниво на дијагностички и интервентни процедури, како што се различни типови биопсии на бубрег, на простата… Вредноста на новата опрема е околу 3,5 милиони денари. Вредноста на целата опрема набавена во последните неколку години е околу 10 милиони денари и таа е ставена во функција. Во посета на Клиниката за нефрологија денеска беше министерот за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека новиот современ ехо апарат има повеќе функции кои ги…
повеќе...ФЗОМ: Eлектронско барање за надомест за плата, боледување и породилно отсуство
Две нови електронски услуги промовираше денеска Фондот за здравствено осигурување од кои се очекува бенефит да имаат осигурениците, фирмите и матичпните лекари. Станува збор за електронско издавање на предлог за комисиско продолжување на боледување (ПСР) и извештајот за спреченост на работа (ИСР), односно електронско поднесување на барање за остварување надомест за плата, право на боледување и породилно отсуство. „Со првата електронска услуга овозможуваме матичните лекари, користејки го порталот на Фондот, да може да издаваат предлог за комисиско продолжување на боледување (ПСР) и извештај за спреченост на работа (ИСР) за своите…
повеќе...Лицата со ниски примања нема потреба да доаѓаат во Фондот за пререгистрација за остварување на право на здравствено осигурување
На почетокот на секоја година се објавуваат податоците за висината на просечна и минимална плата од Државниот завод за статистика. Согласно законот за социјални придонеси, Фондот ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација за лицата со ниски примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување. Бидејќи за минатата година има зголемување на висината на минимална плата, што е еден од параметрите за зголемување на законскиот лимит, годинава има поголеми лимити за здравствено осигурување, согласно нето приходот на осигуреникот кое го има остварено како семејство во 2015…
повеќе...Промоција на нова електронска услуга – електронски потврди за ортопедски помагала
Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија секојдневно ја унапредува работата и комуникацијата со осигурениците и овозможува полесен пристап до услугите со воведување на новости во своето работење. Една од стратешките определби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се електронските услуги со кои се дава можност на брз и ефикасен начин услугите да бидат достапни за сите осигуреници, фирми и здравствени работници. Најголемата придобивка од воведувањето на е-услугите е што корисниците ќе можат да ги користат од ординациите односно од своите работни места, наместо да доаѓаат на шалтерите во…
повеќе...Заврши градбата на ПЕТ-Центарот, првите пациенти за девет месеци
Завршија градежните работи на објектот на Јавната здравствена установа Универзитетски институт ПЕТ-Центар, кој се наоѓа во близина на ГОБ „8 Септември“. Инвестицијата чини 16 милиони евра. Сите процеси во Центарот се одобрени од Меѓународната агенција за атомска енергија и целото производство треба да биде валидирано и сертифицирано од неа. Овој процес на валидација веќе почна со првото производство на изотоп кое се случи на 11 декември 2015 година и ќе трае најмалку девет месеци по што ќе следи финална проверка од Агенцијата закажана за последниот квартал од годинава, која ќе…
повеќе...