Охридскиот пазар на нова – привремена локација

Охридскиот градски пазар се наоѓа на нова – привремена локација. Поради подготовки за изградба на нов затворен Градски пазар, на просторот на кој до вчера беше стариот пазар,  тезгите мораше да бидат преместени на друга соодветна локација. Како најблиска можна локација беше избран поранешниот паркинг кој е во непосредна близина. WebOhrid

повеќе...

Засилени контроли на увозот на овошје и зеленчук

Со отпочнување на новата производствена сезона на овошје и зеленчук се зголемува и увозот на овие земјоделски производи во земјава. Поради зголемена фреквенција на пратки од регионот, Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили инспекциските контроли на граничните премини. Со цел да се спречи увоз на небезбедни производи на домашниот пазар и да го заштити здравјето на потрошувачите во Република Македонија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатиов период забранија увоз на неколку пратки со овошје и зеленчук кај кои со лабораториско испитување беше констатирано зголемено присуство…

повеќе...

Богата понуда за Бадник во и вон тезгите во Охрид

Посно, но сепак богато и вкусно. Преполните тезги ги натераа останатите продавачи да ги „окупираат“ тротоарите и останатите прометни места. Асортиманот е навистина богат. Покрај бадниковите гранчиња, се продаваат најразновидни домашни производи кои би ја збогатиле вечерната Бадникова трпеза. Продавачите нудат јаболка, ореви, костени, тикви, компири, вино, мед, киви, пченка, грав и сл. WebOhrid

повеќе...

За учество на земјоделски саеми 30 милиони денари владина поддршка

Владата на Република Македонија ја усвои Програмата за 2015 година за финансиска поддршка на домашните земјоделски компании за нивно присуство и промоција на нивните производи на меѓународно значајни земјоделски саеми и настани. Целта е преку организирана промоција на извозни земјоделски производи да се обезбеди поголема промоција во земјите со недоволно присуство на македонски производи, а кои имаат огромен потенцијал за апсорпција, или пак промоција во земји кои претставуваат брзорастечки пазари поради големиот број на потрошувачи и постојаното зголемување на куповната моќ на населението. За оваа намена се обезбедени и ќе…

повеќе...

Министерот Димовски на конференција на асоцијациите на преработувачите на овошје и зеленчук од регионот

Претставници на преработувачките капацитети и на Здруженијата на преработувачи на овошје и зеленчук од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина учествуваат во работата на Регионалната конференција на преработувачите на овошје и зеленчук што се одржува во Охрид. Идејата на дводневниот собир е преработувачите на овошје и зеленчук да се сретнат и да ги согледаат можностите за интензивирање на меѓусебната соработка, но и можностите за користење на европските фондови за научно-истражувачки проекти, проекти со регионален предзнак, во рамки на новата финансиска програма на ЕУ. Министерот за земјоделство,…

повеќе...

Зелените и црвените пиперки со најголем пораст на цените на зелените пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај зелените пиперки и црвените пиперки. Најголемо намалување на цените е забележано кај лимоните и бананите.  Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај кромидот и лукот. Најголемо намалување се забележува кај морковот и бананите.

повеќе...

Нема небезбедни корнишони на домашниот пазар

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски и првиот човек на Државниот инспекторат за земјоделство,вчера, одржаа заедничка прес конференција. Како што истакна директорот Рунтевски, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија (АХВ), како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската Унија (RASFF), на 28.10.2013 и 31.10.2013 година доби две нотификации бр.2013.BVV (94214) и бр.2013.BVY (94184) за две небезбедни пратки, првата со 20.435 килограми и втората со 13.695 килограми свежи корнишони со потекло од Република Македонија, извезени во Република Хрватска.…

повеќе...

Груевски: Oткупот и продажбата на земјоделски производи зголемени за 63,6 отсто

Премиерот Никола Груевски оцени дека зголемениот обем на откуп и продажба на земјоделски производи покажува оти вложувањето во земјоделството дава резултати. „Oткупот и продажбата на земјоделски производи во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 63,6 отсто, само кај индивидуалните производители зголемувањето е 143 отсто“, – истакна премиерот Груевски. Земјоделците, како што рече, инвестираат во поголемо и поквалитетно производство што, пак, им овозможува од остварениот профит да вложуваат во механизација, нови површини и сите други активности кои придонесуваат за зголемување на производството.

повеќе...

Дел од земјоделските производи во септември поскапи, а дел поевтини

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во септември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај гравот, кромидот, краставиците и портокалите. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, лукот, зелката и карфиолот.  Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во септември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај оризот, кромидот, краставиците и бананите.  Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, модрите патлиџани, зелката и лубениците.

повеќе...

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи за над 57%

 Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во август 2013 година изнесува 1 089 688 илјади денари што претставува зголемување за 57.7% во споредба со август 2012 година.  Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 34.4%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 69.4%.  Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, овошјето и грозјето, млекото и рибата, а намалување се забележува кај индустриските, градинарските и фуражните растенија,…

повеќе...