Само во првите три месеци од годинава е исполнета квотата за извоз на наливно вино во земјите од ЕУ. Заклучно со 4-ти февруари целосно е искористена договорената бесцаринска квота од 31.400.000 литри. Овие бројки говорат за подемот во секторот земјоделство кој е особено значаен за Тиквеш како најголем лозарски регион во Македонија. Ова го истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на трибина во Неготино. Лани, рече, е реализиран рекорден извоз, 1,15 милиони хектолитри, што е десеткратно зголемување. Досега 2011 година која се сметаше за најдобра во…
повеќе...Tag: земјоделство
Јавна расправа за Предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост
Продажбата на државното земјоделско земјиште ќе го раздвижи капиталот во Македонија, оцени министерот Љупчо Димовски. Ваквиот потег што по иницијатива на земјоделците веќе се преточува во закон, ќе значи, напомена, зголемување на приносите и на вкупното производство. И стопанствениците кои учествуваа на јавната расправа по овој владин предлог, се согласни дека од приватизацијата на површините бенефитот ќе биде повеќекратен. Ќе се срушат сите бариери, пред се идеолошки, и ќе се создадат предуслови за сериозно агропроизводство. „Сопственото е најсигурно. Оттука, ако се вложи сопствен капитал, ќе се води сметка за целосна…
повеќе...Димовски: За да бидат чисти каналите треба да водат сметка и земјоделците
До октомври годинава ќе се исчистат 104 километри каналска мрежа од кои најголем дел се во пелагонискиот регион, а останатите 24 на територијата на цела држава. Како што најави денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, ќе се чисти и коритото на реката Црна, вкупно 25 километри во Битолско, за што е надлежна Дирекцијата за заштита и спасување. Акцискиот план е веќе изготвен, а активностите почнуваат веднаш штом се намали нивото на водите. „Во периодот што следи, веднаш по смирувањето на хидролошката ситуација, почнуваме со интезивно чистење на предвидените каналски правци. Планираните…
повеќе...За социјалците уште 731,6 хектари државно земјоделско земјиште на плодоуживање
Социјално загрозените лица уште еднаш ќе имаат можност да се вклучат на пазарот на труд преку извршување земјоделска дејност. Како што најавија денеска министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика Љупчо Димовски и Спиро Ристовски, наскоро ќе биде објавен третиот оглас за доделување државно земјоделско земјиште на плодоуживање за оваа категорија граѓани. Јавниот повик ќе се однесува на 731,6 хектари во вкупно 21 општина, Берово, Битола, Македонски Брод, Валандово, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Крушево, Кратово, Кавадарци, Струга, Струмица, Пробиштип, Ресен, Велес, Штип,…
повеќе...Македонско–израелски проект за производство на семе и саден материјал
Управувачкиот комитет на македонско-израелскиот проект за семе и саден материјал денеска одржа прв состанок на кој ги утврдуваше идните активности за соработка. Состанокот на Комитот, што работи врз основа на Меморандумот за соработка потпишан лани во мај, меѓу двете министерства, на Македонија и Израел, го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Димовски потсети дека договорот веќе се реализира преку проектот за подигнување мини фарма за производство на семенски и посадочен материјал која вчера ја посетиле во Свети Николе, во рамки на Средното земјоделско училиште „Кочо Рацин“. „На…
повеќе...Малите парцели се уште проблем во земјоделството
Фрагментацијата на земјоделското земјиште се уште е еден од клучните проблеми на македонскиот аграр. Ситните парцели ги намалуваат продуктивноста и ефикасноста, а ги зголемуваат трошоците што се одразува врз крајните приходи на производителите, како и на конкурентноста. Ова е заклучокот од денешната Регионална работилница за развој на пазарот на земјиште и земјишна консолидација во земјите од ЕУ. Неопходно е, беше речено, државата да ги поттикне земјоделците, да застане зад целиот проект зашто окрупнувањето е исклучително комплексен процес, вклучува промени во катастар, локации, имотно-правни односи. „Фрагментацијата на земјиштето и малиот обем…
повеќе...Продолжен рокот за попис на пчеларниците
Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за попис на пчеларниците до 01.05.2013 година, а рокот за доставување на податоците од пописот до ветеринарното друштво до 15.05.2013 година. Согласно член 41-а од Законот за ветеринарно здравство (Службен весник на Република Македонија бр.123 од 02.10.2012 година), одгледувачот е должен да склучи договор со ветеринарно друштво кое е распределено за работа во населеното место или со било кое ветеринарно друштво по негов избор. Ветеринарното друштво со кое одгледувачот на пчели склучил договор ќе ги внесе податоците од извршениот попис во електронската…
повеќе...Ѓорѓиев: Земјоделците имаат на располагање исклучително поволни кредити
Владата е фокусирана на развој на земјоделството и на конкретна негова поддршка и овозможување на поволни можности за земјоделците. Поддршката се реализира преку субвенциите за земјоделството и преку финансирање и кофинансирање на проекти во висина од 50% од проектите на земјоделците за инвестиции, за опрема, за развој на бизнисите, но и преку овозможување на евтини и поволни финансиски инструменти за поддршка на развојот на нивниот бизнис. Во врска со определени предизвици кои беа истакнати од страна на земјоделските здруженија, а во врска со обезбедувањето на евтини финансиски инструменти за нивниот…
повеќе...Исплатени 71 милиони денари за овошни, лозови насади и градинарски култури
Министерството за финансии денеска исплати 71 милион денари на 3.117 земјоделци за одржување на овошни и лозови насади и производство на градинарски култури. Како што соопшти Министерството за финансии, од овие средства 39,9 милиони денари им се исплатени на 1.035 земјоделци за одржување на овошни насади. На 2.016 земјоделци им се исплатени 30 милиони денари за производство на градинарски култури. Исто така, исплатени се 1,6 милиони денари на 66 лозари за одржување на лозови насади. „Владата на Република Македонија и министерството за финансии со редовна исплата на субвенциите за земјоделците…
повеќе...Исплатени 140 милиони денари субвенции на полјоделците и лозарите
Министерството за финансии денеска исплати 140 милиони денари на 6.270 земјоделци за производство на полјоделски култури и одржување на лозови насади. Како што соопшти Минитерството за финансии, од овие средства 112 милион денари се исплатени на 4.932 земјоделци за производство на полјоделски култури. Остатокот од средствата, односно 28 милиони денари се исплатени на 1.338 лозари за одржување на лозови насади. „Владата на Република Македонија и Министерството за финансии со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство“, стои во…
повеќе...