Продолжен рокот за легализација на тракторите и подобрени условите за аплицирање за земјоделско земјиште

Рокот за аплицирање за легализација на земјоделската механизација е продолжен до 30 септември годинава, а корисниците на социјална помош кои ќе добијат земјиште ќе можат најмалку две години да добиваат 100 проценти од социјалната помош. Ова се двете најнови одлуки што Владата ги усвои на последната седница на барање на земјоделските здруженија. Владата очекува дека со продолжување на рокот за легализација на земјоделската опрема ќе им се овозможи на поголем број земјоделци да ја регистрираат механизацијата со која располагаат. „Рокот до којшто требаше земјоделците да поднесат предлог за легализација важеше…

повеќе...

Исплатени 209 милиони денари субвенции за сточаритe

Министерството за финансии исплати 209 милиони денари на 4.980 сточари за одгледување овци, говеда, пчели и маторици. Како што соопшти Министерството, на 616 сточари денеска им се исплатени 98 милиони денари за одгледување овци. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по грло, за сите категории овци, плус 700 денари за секое задржано женско јагне. Во соопштението се додава дека на 2.589 сточари им се исплатени 52 милиони денари за одгледување говеда. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 2.700 денари по грло. Вчера за одгледување пчели на 1.349 одгледувачи…

повеќе...

Македонија и Турција ќе ја унапредуваат соработката во земјоделството

Соработката во областа на шумарството и ловството беа меѓу клучните теми на вчерашната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со делегација од Турција предводена од Рустем Кириш, директор на Управата за планирање и управување со шумите во турското Министерство за шумарство и водостопанство. На состанокот, на кој присуствуваа и државниот советник за шумарство и ловство Војо Гоговски и директорот на Управата за водостопанство Кадир Салих, како што информира МЗШВ, договорени биле понатамошните чекори со цел  продлабочување на соработката меѓу двете земји, особено во делот на шумарството…

повеќе...

Коњановски: Секој земјоделец ќе има свој советник

Модернизација и реформи во  системот на давање советодавни услуги на земјоделците, најави денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски. „Секој земјоделец да има свој советник. Тоа  е нашата цел и ако  сакаме да имаме добар квалитет, поголем принос како држава, тоа мора да го направиме“,  изјави Коњановски по денешното годишно Собрание на федерацијата на фармери на Република Македонија. Идејата, појасни, е да се вклучат што е можно поголем број советници кои ќе бидат задолжени  да даваат советодавни услуги за добри земјоделски пракси на земјоделците. Советодавните услуги покрај државната…

повеќе...

Фитосанитарната лабораторија со акредитација за меѓународно признати анализи

Македонската Државна фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) прва во Југоисточна Европа доби акредитација за дијагностицирање два карантински растителни вируси согласно европските стандарди. Како што беше речено на денешната промоција, лабораторијата ги сертифицираше и методите за анализа на активните материи во производите за заштита на растенијата. Методите се нова алатка на домашниот фитосанитарен систем за подобра заштита на населението и зголемена безбедност на храната. Воедно на ДФЛ и овозможуваат да стане компаративна и конкурентна со фитосанитарните лаборатории во ЕУ. Акредитацијата ќе значи поголема контрола на квалитетот на производите за заштита на растенија при…

повеќе...

Измените во ИПАРД за поголема искористеност на ЕУ средствата

Пари за купување најсовремена механизација, за изградба, не само за реновирање пластеници и оранжерии, за обнова на млекарници, фарми, преработувачки капацитети во месната индустрија, како и за изградба, не само за реновирање објекти за рурален туризам, се дел од измените на ИПАРД програмата. Нивната имплементација ќе стартува со следниот јавен повик што треба да биде објавен во јуни годинава. Како што соопшти денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, намалена е границата за аплицирање што овозможува ИПАРД барања да поднесуваат и поситните земјоделци, но зголемена е и…

повеќе...

Исплатени 341 милион денари субвенции за лозарите, тутунарите и градинарите

Министерството за финансии денеска исплати вкупно 341 милиони денари субвенции на 13.041 земјоделец за поддршка на одржување лозови насади, производство и продажба на тутун и производство на градинарски култури. Како што соопшти Министерството за финансии, од овие средства 104 милиони денари се исплатени на 4.679 лозари за одржување површини со лозови насади. Висината на поддршката изнесува 40.000 денари по хектар. Денеска се исплатени и 165 милиони денари на 3.263 одгледувачи на тутун, при што е извршена исплатата на кооперантите на Тутунски комбинат Прилеп и „Центро Табак“. Мерката изнесува 60 денари…

повеќе...

Исплатени 1,41 милијарди денари субвенции за тутунарите

Министерството за финансии денеска исплати 1.413.488.426 денари субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2012 на 22.313 земјоделци. Со ова, како што рече денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, почна реализацијата на мерката предвидена со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2013 година, чиј краен рок е јуни 2014 година. „Владата продолжува со силна поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки, посебно тутунарството“, истакна Ставрески. Законскиот рок за откуп на тутунот кај комбинатите беше 15 март од што произлегува дека исплатата почна…

повеќе...

Во Битола ќе се гради центар за откуп и дистрибуција на земјоделски производи

Создадени се сите предуслови за изградба на нов откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Битола. Со овој проект, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, уште еднаш се потврдува добрата соработка меѓу Владата и локалната самоуправа. „Целокупното земјоделско производство од Пелагонија ќе се откупува токму на оваа локација“, истакна Димовски кој присуствуваше на промотивниот настан. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, голем е интересот за инвестирање во вакви проекти поради што во функција се става државното градежно земјиште. Комитетот за градежна експанзија овозможи да се…

повеќе...

Македонија има квалитетно, безбедно и исправно млеко

Македонија има квалитетно, здравствено безбедно и исправно млеко, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната посета на млекарниците Идеал Шипка, Битолска ИМБ и ЦЕРМАТ во Битола. Како што рече на средба со новинарите, Димовски сакал лично да се увери во квалитетот на млекото и процесот на производство, но и да слушне за плановите на компаниите чија основна дејност е откуп и преработка на млеко. Тој во Битола беше придружуван од директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски. „Со компаниите го споделивиме заедничкиот став дека…

повеќе...