Нов проект за земјоделците и за земјоделието во Македонија – „Агро бизнис зона Македонија“

„Денес ќе објавам нов проект за земјоделците и за земјоделието во Македонија наречен „Агро бизнис зона Македонија“. Ова подразбира интегрирана зона во која на едно место ќе бидат застапени и сконцентрирани складишните центри, трговци и компании, како и други претставници на синџирот на набавки на свежи и преработени земјоделски производи, се разбира на доброволна база“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање. Груевски рече дека „Агро бизнис зона Македонија“ ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство на Република Македонија и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи во и надвор од државата.…

повеќе...

Зголемени земјоделските површини

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014, земјоделските површини се зголемени за 0.1%. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0.4%, кај овоштарниците за 3.6% и кај лозјата за 0.8%. Намалување е забележано кај ливадите за 0.8% и пасиштата за 0.1%. Во 2015 година, во споредба со 2014, поголемо зголемување на производството се забележува кај доматите за 8.0%, пиперките за 7.7% и краставиците за 38.3%, а поголемо намалување се забележува кај житата, тутунот, сончогледот, компирот и луцерката. Производството на овошје…

повеќе...

Соопштение за кандидатите за полагање ловечки испит

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, преку секторот за шумарство и ловство, согласно Законот за ловство – член 58 и 58-з, закажува полагање на ловечки испит на ден 14.03.2016 година во 15.30 часот. Полагањето на испитот ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО“ ул. ХРИСТО СМИРНЕНСКИ“ бр.30, 1000 Скопје (позади Универзална Сала). Кандидатите задолжително да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош). Во додатоците за преземање се списоците на кандидати за полагање, како и испитните прашања. Додаток за преземање: Испитни прашања за полагање ловечки испит.pdf 1 Кандидати…

повеќе...

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2015 година откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 7.9% во однос на истиот период од претходната година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14.4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 1.2%. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските и градинарските растенија, добитокот, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата, фуражните растенија, овошјето…

повеќе...

Потребни итни мерки во мелничко-пекарската индустрија за да се заштитат домашните капацитети и земјоделците

Ситуацијата во мелничко-пекарската индустрија е крајно алармантна. Потребно е итно да се преземат одредени мерки со цел да се изнајде решение и да се спречи напливот на евтино увозно брашно кое се увезува по цена на чинење на домашната пченица која мелничарите ја купуваа во жетва од една страна, како и да се предложат на ресорното Министерство мерки кои подолгорочно би имале ефект во мелничарството. Мелничарите воедно алармираат дека доколку не им се помогне во најкраток можен рок, голем дел од нив ќе ги затворат своите објекти или нема да…

повеќе...

Зголемени цените на производите од растително потекло

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.2%, а кај аутпутот е зголемен за 1.7%. Во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за  инвестиции во земјоделството) изнесува 100.6. Во делот аутпут, во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година, индексот на цените…

повеќе...

Агро-бизнис форум: Пристапот до капитал основа за инвестиции во земјоделството

Македонскиот агро-бнизнис има голем потенцијал. За негово искористување е неопходно постојано вложување во модернизација, иновации и знаење, но потребни се и добри стратегии за настап на странски пазари. Ова е пораката од денешниот Агро-бизнис форум што четврта година по ред го организира ПроКредит банка. Учествуваа преку 200 претприемачи и земјоделци, а присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, како и директорот на Мисијата на УСАИД Џејмс Стајн. Пристапот до капитал, до финансиски средства по поволни услови, беше една од клучните теми на Форумот. Како што беше речено,…

повеќе...

Индексот на цените во земјоделството кај инпутот и аутпутот е намален

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.6%, а кај аутпутот е намален за 0.1%. Во ноември 2015 година, во споредба со ноември 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.6. Во делот аутпут, во ноември 2015 година, во споредба со ноември 2014 година, индексот на…

повеќе...

Македонија меѓу малиот број земји со дигитална педолошка карта

Македонија е вистински педолошки музеј. Располага со скоро сите почвени типови што ги има во Централна и Јужна Европа, но тие не се секогаш рационално искористени, беше речено денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по промоцијата на Македонскиот почвен информациски систем, односно Македонската педолошка карта изработена во печатена и дигитална форма. Картата е веќе во фунцкија, а ќе послужи како основа за претстојното т.н. агроеколошко реонирање на Македонија, односно поделба на земјоделското производство според условите со единствена цел – културите да се одгледуваат на најсоодветните почви што ќе…

повеќе...

Намален индексот на цените во земјоделството во октомври

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5.3%, а кај аутпутот е намален за 2.8%. Во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.5. Во делот аутпут, во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, индексот на…

повеќе...