Денес во 11:18 часот во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес, чиј интензитет изнесуваше 2.6 степени според Рихтер. Епицентарот се наоѓа на 3 километри северо-источно од Охрид на длабочина од 3 километри. WebOhrid
повеќе...Tag: земјотрес
Почувствуван земјотрес во Охрид
Утрово во 9:54 часот во Охрид беше почувствуван земјотрес. Според првичните неофицијални податоци, земјотресот е со интензитет од 3.2 степени според Рихтер, неговиот епицентар се наоѓа на 8 километри источно од Охрид, на длабочина од 2 километри. WebOhrid
повеќе...Почувствуван земјотрес во Охрид
Утрово во 08:50 часот во Охрид беше почувствуван краткотраен земјотрес, со интензитет од 2.7 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри. Епицентарот е повторно во подрачјето каде што беа земјотресните роеви ова лето, 9 километри источно од Охрид. WebOhrid
повеќе...Вечерна богослужба и молебен на Пресвета Богородица во црквата Св.Никола
Утре, 11ти јули (вторник) во црквата Св. Никола, Долна Влашка Маала во 18:00 часот ќе се отслужи вечерна богослужба и молебен кон Пресвета Богородица, за смирување на тресенијата. „Повелете заедно да ја помолиме Пресветата Богородица за милост кон нас.“– повикуваат од Црквата.
повеќе...Дали Охрид го тресат земјотресни роеви?
Земјотресни роеви е појава кога се случуваат серија земјотреси во одредена локална област во релативно краток временски период. Должината на времето што се користи за дефинирање на ројот се разликува, но може да биде денови, недели или месеци. Тие се разликуваат од типичните земјотреси, по кои следува серија афтер-шокови. При истражувањето на земјотресните роеви, станува очигледно дека ниту еден земјотрес од низата не е главен удар, односно секој нареден е со различен интензитет од претходниот. Директорот на Институтот за земјотресно инженерство, Михаил Гаревски, во изјава за медиумите пред осум месеци,…
повеќе...Отслужена утрена со канон и литургија за опасност од земјотрес во црквата Св.Никола
По повод серијата земјотреси кои го зафатија охридскиот регион, денес во црквата Св. Никола, Долна Влашка Маала беше отслужена утрена со канон и литургија за опасност од земјотрес. „Бог нека е милостив и нека ни ги услиши молитвите.“– велат од црквата.
повеќе...Утре во црквата Св.Никола ќе се служи света божествена литургија против земјотресение
По повод серијата земјотреси кои го зафатија охридскиот регион, утре, 9ти јули (недела), во црквата Св. Никола, Долна Влашка Маала ќе се отслужи Света Божествена Литургија против земјотресение. „Повелете заеднички да се помолиме на Бога да се смират потресите. Литургијата ќе започне со почеток во 7:30 утрена богослужба и во 8:30 часот Литургија.“ – повикуваат од црквата.
повеќе...Сè уште не може да се добие реална слика за штетите од земјотресите во Охрид
Земјотресите во Охрид и понатаму траат. Според тоа, сè уште не може да се добие реална слика за штетите предизвикани од овие земјотреси, бидејќи постои можност од проширување на пукнатините на ѕидовите и дополнителна штета, доколку има нови потреси. Исто така, голем дел од жителите моментално не се во своите домови. Тие самоиницијативно, превентивно, загрижени за својата безбедност, ги напуштија своите домови. Некои ноќта ја поминуваат во своите автомобили, некои во шатори во парковите, а некои пак под отворено небо. Тие би извршиле увид и би пријавиле штети дури откако…
повеќе...Нов ден – нови потреси во Охрид
Земјотресите во Охрид и понатаму не стивнуваат. Следува нов ден со нови земјотреси: во 01:06 часот, регистриран земјотрес со интензитет од 3.2 степени според Рихтер, на длабочина од 4 километри. во 02:52 часот, регистриран земјотрес со интензитет од 2 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри. во 03:07 часот, регистриран земјотрес со интензитет од 2.2 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри. во 04:32 часот, регистриран земјотрес со интензитет од 3.1 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри. во 06:54 часот, регистриран земјотрес со интензитет од 2.8…
повеќе...Центарот за управување со кризи одржа седница за состојбата со земјотресите
Денес во просториите на Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб, на која се расправаше по прашања во врска со состојбата со серијата земјотреси во охридскиот регион. По завршувањето на седницата, се одржа прес конференција на која се обратија директорот на ЦУК, м-р Агрон Буџаку, директорот на ИЗИС, Михаил Гарески, раководителот на РЦУК Охрид, Митко Темелковски и Горан Стојковски, раководител на Сектор за заштита на шуми и внатрешна контрола во ЈП Македонски шуми. Директорот на ЦУК, Буџаку, во својата изјава истакна дека институциите на Системот за…
повеќе...