Познат списокот на женската сениорска кошаркарска репрезентација

Женската Сениорска Репрезентација на Македонија во текот на јуни 2014 година ќе настапи на квалификациите за Европското Првенство што во 2015 година ќе се игра во Унгарија и Романија. Селекторот Горан Јовановиќ го одреди списокот од 24 кошаркарки на кои ќе смета за време на целиот квалификациски циклус. Првиот собир ќе се одржи во Скопје на 30 април. Подготовките почнуваат на 30 април во салата „Градски Парк“, а првиот собир е закажан за 16:30 часот. Според планот на подготовки, во Скопје ќе се работи два пати дневно, генерално на физичка…

повеќе...

Традиционално шесто по ред „Мартовско женско авторели“

“Колку што релито го манифестира спортскиот дух и познавањето на сообраќајните вештини кај понежниот пол, во иста мера оваа манифестација има благородна и значајна цел а тоа е подигање на свеста за безбедност во сообраќајот, подобрување на собраќајната култура, почитување на правилата и прописите во сообраќајот“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска пред стартот на традиционалното “Мартовско женско авторели“ што денес се одржа во скопска Автокоманда. Како што нагласи министерката Јанкуловска – “оваа веќе традиционална манифестација во организација на општина Гази Баба и Кастрол рејсинг тим…

повеќе...

Европарламентот не сака еднаквост меѓу мажите и жените

Европскиот парламент вчера го отфрли со тесно мнозинство извештајот за еднаквост меѓу мажите и жените , во кој се повикува да се обезбеди подеднаков надоместок за иста позиција. Извештајот е отфрлен со 298 гласа „против“ , главно на конзервативците. За негова поддршка гласале 289 пратеници, главно левичари и либерали, додека 87 биле „воздржани“ , од нив најголем дел зелени пратеници. Во извештајот се бара од земјите членки на ЕУ „да гарантираат почитување на основниот принцип на еднаквост на надоместок при еднаква работа меѓу жените и мажите“, да се забрани принудното…

повеќе...

Жените во Македонија се основачи на 32 проценти од претпријатијата, менаџери се само во 5-7 проценти

Во Македонија 32 проценти од компаниите се основани од жени, што е над просекот во Европската унија. Бројката на жени кои се на менаџерска позиција се некаде од пет до седум проценти, а од вкупниот број вработени во земјава 39,5 проценти се жени. Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини при средбата во Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) со што на симболичен начин беше одбележан Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Тој додаде дека со цел поттикнување на женското претприемништво во 2012 година е воведена програма за…

повеќе...

Цвеќе за жените – членки на Здружението на телесно инвалидизирани лица од Охрид

Во рамки на 8-мо мартовските празнувања, заменик-градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев ги посети  жените – членки  на Здружението на телесно инвалидизирани лица од градов. Со желби за добро здравје, среќа и успеси тој им подари цвеќе и укажа на нивната важна улога и допринос во градењето на општествениот живот. Заменик градоначалникот Јанев, потенцира дека Локалната самоуправа има слух и секогаш ќе излегува во пресрет на решавање на проблемите со кои се соочуваат овие категории луѓе.

повеќе...

Форум на жени на ОО Гром Охрид: Осми март, ден кога треба да се искаже почит кон жените и нивните дела

Некои Осми март го гледаат како празник кога нешто мора да се подари на секоја дама, некои сметаат дека не може без убава трпеза и музика, но секој има право да го прослави Денот на жената онака како што го чувствува празникот и да ја слави жената на свој начин. Унијата на жените на ОО Гром Охрид , Осми март го прослави во духот на партиското мото , а тоа е дружбата и блискоста меѓу членството и симпатизерите пред се. Со скромна забава, кога се работи за материјалната страна, но…

повеќе...

Форумот на жени на ОО СДСМ Дебарца го одбележа 8ми март

Форумот на жени на Општинската организација СДСМ-Дебарца денеска го одбележа  Денот на жената-8 март. Активистките на СДСМ Дебарца ги посетија домовите на жителите во населените места во општината и на постарите припаднички  на понежниот пол им поделија симболични подароци . „На овој начин со овој гест сакаме да им оддадеме почит и да им го честитаме празникот на сите жени, бидејќи тие се основниот столб не само за семејството туку за целото општество. 8- ми март е ден кога ја одбележуваме борбата на жената за рамноправност, еманципација и мир. Социјалдемократијата…

повеќе...

Цвеќе од градоначалникот Бакрачески и за пензионерките од Охрид

Во пријатна празнична атмосфера со цвеќе и искрени желби за здравје, среќа и безгрижна иднина, градоначалникот Никола Бакрачески во хотелот Ривиера им го честита 8-ми март- Меѓународниот ден на жената на членките од   Здружението на пензионери од Охрид, Јавното Претпријатие Комуналец, активот на жени „Мајки- газди“ како и на  припадничките од понежниот пол од затворот од Струга кои исто така прославуваа во овој хотел. „Ова е ретка прилика кога можам на сите вас да  ви се заблагодарам за сето она што сте го направиле за ова Општество без разлика…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со цвеќе во геријатриското одделение го честита 8-ми март на највозрасните охриѓанки

Со цвеќе и искрени желби за добро здравје, градоначалникот Никола Бакрачески на највозрасните жени од градов згрижени во Геријатриското одделение при Општата Болница им го честита 8-ми март – меѓународниот ден на жената, изразувајќи надеж дека половата дискриминација ќе стане минато. „Од ова место сакам на сите жени од Охрид и Македонија да им посакам многу здравје и среќа, помалку грижи и се надевам дека еден ден никаде нема да има ниту социјални ниту полови предрасуди“, рече градоначалникот Бакрачески, кој во опуштена атмосфера  го испи утринското кафе со згрижените  во…

повеќе...

Активност и честитка од УЖ при ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид

По повод 8ми март универзалниот ден на жената, Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, спроведе низа активности. Направена е посета на гинеколошото одделение на ЈЗУ Општа болница при што од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Охрид беа доделени симболични поклони. Унијата на жени воедно во оваа прилика им го честита овој голем празник на жената, ставајќи акцент на важноста на жената во едно модерно и современо општество.  

повеќе...