Од наредната недела снег и ниски температури

Од вторник во Македонија се очекува студен бран, кој ќе донесе снег и значително намалување на температурите. Студената континентална маса прво ќе ја зафати северна и северозападна Европа, па потоа ќе пристигне и на Балканскиот Полуостров и во Македонија. Овој студен бран, во Македонија ќе донесе ниски температури кои ќе се движат од 0°С до -8 °С како и врнежи од снег. Студениот бран се очекува да почне во земјава од 12-ти март (вторник) и ќе се задржи до 18-ти март (понеделник). WebOhrid

повеќе...

50-ти Мавровски Меморијал 2013

На 01, 02 и 03 Март 2013 година, по 50-ти пат во Маврово се одржува традиционалниот „Мавровски Меморијал“. Ова меѓународно натпреварување го градеше својот висок рејтинг и стана висок препознатлив спортски бренд на Балканот и во Европа. Оваа најстара скијачка манифестација во нордиски дисциплини се одржува во следните дисциплини: слободен стил, 5 км жени и 10 км мажи. Првиот “Мавровски Меморијал“ е одржан пред речиси педесет години во далечната 1957 година. Со текот на годините „Мавровски Меморијал“ прерасна во голем интернационален скијачки натпревар, и со гордост може да кажеме дека…

повеќе...

Три илјади деца ја искористиле можноста за бесплатен одмор

Вкупно 3.000 деца од семејства во социјален ризик ја искористиле можноста да отидат на  бесплатен одмор и рекреација на трошок на државата. Од нив, 2.000 деца биле на летување во 2012 и 1.000 на зимување во јануари 2013 година. „Како Влада исклучително сме задоволни од реализацијата на овој проект бидејќи се помина во најдобар ред, без непредвидени ситуации и проблеми. Во неколку наврати ги посетивме дечињата во одморалиштата, при што видно беше задовиолството кај нив особено затоа што многу од нив за прв пат во животот имаа можност да одат…

повеќе...