Одигран турнир во одбојка во рамки на училишните спортски лиги за основни училишта

Вчера (10.05.2017) во рамките на училишните спортски лиги, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедно учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција кои со заеднички сили се потрудија да се претстават најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа повеќе натпревари, а постигнати беа следните резултати:

ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани  2:0  ОУ „Христо Узунов“ 

ОУ „Братство Единство“  2:0  ОУ „Св.Климент Охридски“

ОУ „Григор Прличев“  0:2  ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Полуфинале:

ОУ „Св.Наум Охридски“  0:2  ОУ „Братство Единство“

ОУ „Живко Чинго“ Велгошти  0:2  ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец 

Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со финалните натпревари во футсал и одбојка и натпреварите во атлетика за основни и средни училишта.

This slideshow requires JavaScript.