Утре започнува Интернационалната охридска регата 2017

Утре со почеток во 10:00 часот, на Градското пристаниште ќе се означи почетокот на Интернационалната охридска регата 2017. Организатор е Клубот за спортови на вода „Акватика“ во соработка со Општина Охрид. OHRID INTERNATIONAL SAILING REGATTA Notice of Race 29-30 July 2017 ORGANIZING AUTHORITY : The Organizing Authority is Yachting club “Aquatica Yachting” in conjunction with Municipality of Ohrid 1. Правила 1.1 Регатата ќе се одржи по упатството за едрење, , 1.2 , Дополнителни Упатства за едрење ќе бидат објавени на огласната табла од Регатниот Одбор. 1.3 Во случај на јазичен конфликт…

повеќе...

Илинденска регата Охрид 2015

Во чест на големиот Македонски празник Илинден, а во организација на едриличарскиот клуб Бофор и Едриличарската федерација на Македонија, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, се оддржа традиционалната 46-та по ред Илинденска едриличарска регата. Во рамките на овој настан се остварија ревијални тренинг регати во класите Оптимист, Ласер 4.7 и Виндсурф (едрење на даска). Учествуваа 25 едриличари од Струга, Охрид и Скопје, а поволните временско ветровни услови на регатното поле на оптег Горица 1 – Канео, дозволија последниот ден да се заокружат финални бодовни трки кои влегуваат во…

повеќе...

Стартуваше традиционалната 46 -та по ред Илинденска едриличарска регата во Охрид

Во организација на Едриличарскиот клуб „Бофор”, Агенцијата за млади и спорт и Едриличарската федерација на Македонија денес на Охридското Езеро стартуваше традиционалната 46-та по ред илинденска едриличарска регата. Регатата ќе се вози на потегот Горица 1 – Канео, со старт во 10 часот. Станува збор за државно првенство каде силите ќе си ги одмерат екипите на Охрид, Струга и Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во класите оптимист, ласер 4,7 и вин сурф, едрење на даска. Учесниците на тридневниот,46-ти по ред едриличарски куп ,се натпреваруваат во сите предвидени класи за овој…

повеќе...

Традиционално ќе се одржи Илинденската едриличарска регата во Охрид

Традиционално,  и оваа година ќе се одржи Илинденската едриличарска регата – Охрид 2015. Регатата ќе се одржи на 2 август на потегот од Горица 1 до Канео, со почеток во 10:00 часот. Организатори на овој настан се Едриличарската Федерација на Македонија, Едриличарскиот клуб „Бофор“ и Агенцијата за млади и спорт. На Илинденската едриличарска регата ќе настапат клубови од Македонија, а ќе се едри во класите Оптимист и Ласер 4.7.

повеќе...

„Акватика“ врши упис на нови членови во школата за едрење

Клубот за спортови на вода „Акватика“ врши упис на нови членови на возраст од 7 до 12 години во школата за едрење која започнува на 15- ти јуни (понеделник) и ќе трае цело лето. Уписите ќе се вршат во просториите на клубот кој се наоѓа на плажа Горица 1, до поранешен х.Парк (Голден Бич) од денес 10-ти до 14-ти  јуни, од 11:00-17:00 часот. Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. „Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски…

повеќе...

Одржано предавање за едрењето во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа предавање за едрењето – спорт со кој охриѓани се гордеат. Учениците од I до VI одделение се запознаа со вештините на едрењето од инструктори од школата за едрење „Aqua Ice“ од Охрид. Под мотото „Учиме да едриме“ голем број ученици ја имаа можноста да се запознаат со овој спорт.

повеќе...