Синоќа во зградите наспроти главниот влез на Отекс, беше отворен штаб на Сојузот на иднината. На отворањето присуствуваше градоначалникот Александар Петрески, членовите од Советничката листа како и голем број на граѓани, симпатизери, поддржувачи на коалицијата.
„Им благодариме на домаќините за овој прекрасен штаб овде, што го отвораме. Ова е победнички штаб, а така ќе биде и оваа година. Еве дојдоа уште 16 денови до изборите, се повеќе и повеќе граѓани, а и вие овде ја насетувате победата, јас овој пат очекувам убедлива победа во првиот круг, исто така и победа на советничката листа“. – рече Петрески пред присутните граѓани.
За овие денови Петрески најави отворање на штабови, со што на тој начин практично и симболично ја почнуваат последната етапа од оваа кампања, работа на терен, работа со граѓаните, од врата на врата, но како што кажа без да се наметнуваат и да не бидат непристојни како што биле од противничкиот табор.
„Конечно ќе ги ослободиме граѓаните од се она што и се случува на Македонија, затоа што ова е една борба во крајната битка што треба да ја издвојуваме. Главната битка ќе биде победа на парламентарните избори и оваа коалиција што ја имаме направено е токму за тоа, за победа на парламентарните избори“. – додаде Петрески.
На отворањето, збор пред присутните имаше Оливија Пирузева-Јанева, кандидат на советничката листа на коалицијата Сојуз за иднината.
„Токму кога нашиот градоначалник всушност дојде на оваа функција стана наш вистински татко. Зошто? Затоа што нашите барања кои што можеби секојдневно ги испраќавме до него всушност тој со задоволство ги примаше и секогаш ги задоволуваше нашите барања. Ние не смееме да дозволиме да изгубиме еден ваков градоначалник и не можеме ни да замислиме да го изгубиме, за нас постои само Аце Петрески, ние сме тука да му помогнеме, затоа сме советници, сигурна сум дека изборите ќе ги добиеме, а сега почнуваме со битката, знаеме каква битка, ќе ја добиеме на 24 март“. – нагласи Пирузева-Јанева.
Пред присутните охриѓани на кратко се обрати и носителот на листата за советници Јован Стојаноски.
„Ние веќе сме втор ден во кампања и се подобро и подобро се чувствуваме сите балгодарение на вас, на сите присутни граѓани. Имавме прилика да поздравиме тука присутни, оние кои што се и од друга националност, наши сограѓани. Ова можеби е еден од последните пати кај што ќе спомнам дека постојат луѓе од други националности затоа што не сакам во никој случај да се диференцираме и да се разликуваме. Овде е маалото на Александар Петрески, несомнено е дека овде ќе победиме, затоа што, ако не те сакаат дома, не можиме да бараме да не сакаат надвор“. – истакна Стојаноски.
Денес, Сојузот за иднината, ќе отвори нов штаб и на улица „Момчило Јорданоски“, кај кружниот тек, на патот кон Бараките, во 13:00 часот.