Сојуз за иднината: Размислете дали е морално да го оставите Охрид 4 години без болница

Во врска со изјавата за катните гаражи на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески, реакција испрати Сојузот за иднината, во која стои:

Наместо да ветувате катни гаражи, размислете дали е пред се морално да го оставите Охрид четири години без болница. Ако граѓаните ве судат според делата и според начинот на кој колку “одговорно“ се однесувате кон она што е во ваша надлежност, тогаш повеќе од јасно е дека не ви веруваат во идните лажни ветувања. 

Денешната реалност зборува дека е расипан апаратот за стентови, што значи дирекно засегање по животот на граѓаните. Вчера потенциравме, а еве и денес, наместо да се сликате по локалните сокаци и да трошите енергија на проекти за иднината, апелираме да го поправите веднаш затоа што животот нема цена и покрај тоа што промоцијата на ваквите “дела“ – злодела е на примат“. – стои во реакцијата на Сојузот за иднината.

WebOhrid