Сојуз за иднината: Докторе Хари, вашето место би требало да е во операциона сала, каде ќе се надоградувате за она за што сте учеле

Сојузот за иднината испрати реакција на денешната прес-конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Харалампие Шокароски, кој го обвини актуелниот градоначалник Александар Петрески дека Општина Охрид ја направил една од назадолжените во РМ.

„Господине Хари, во минатото се обидовте да одржите прес-конференција на која граѓаните увидеа дека не можете да читате нити од идиот камера.

Освен што, неколку пати бевте декор на пресовите на ВМРО-ДПМНЕ, а за собранието на Република Македонија и да не зборуваме, затоа што нити еднаш не се имате јавено за збор со цел да ги одбранете интересите на Охрид, туку само бевте дел од слепите послушници – гласачи по налог на партијата.

Од друга страна, место да мафтате со Договори за дело, кои се сосема легитимна законска форма и место да зборувате лаги, кажете кое дело го направивте за Охрид во вашиот пратенички мандат.

Ви препорачуваме да ја прегледате прес–конференцијата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, каде што ќе видите што точно Петрески направи за Охрид, а во исто време коректно е да почуствувате засраменост од тоа што лекар бевте соучесник во пропаѓањето на здравството во Охрид.

Докторе Хари, вашето место во ова време би требало да е во операциона сала, каде што ќе се надоградувате за она за што сте учеле.

Освен капиталните инвестииции кои ги гледате на скапите скијачки центри и летни одморалишта каде патувате, како и капиталните инвестиции направени од Петрески во градот, не постои нити едно дело позади кое стои вашиот труд и глас. Се извинуваме, ќе заборавевме на едно капитално дело, а тоа е панорамскиот автобус кој Владата го поклона на Охрид.

Вие немате кредибилитет да прозивате луѓе кои работат, но затоа ние Ве прашуваме, дали водата на собраниската говорница е газирана или не?“ – стои во реакцијата од Сојузот за иднината, испратена до медиумите. 

WebOhrid