ВМРО-ДПМНЕ: Бакрачески никогаш не бил дел од СДСМ

Во врска со прес-конференцијата на Сојузот за иднината, на која кандидатот за советник Јоне Станковски го запраша кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дали во 2006 година бил член на СДСМ, а Бранко Црвенковски негов лидер, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Бакрачески никогаш не бил во СДСМ и Бранко Црвенковски никогаш не му бил лидер ниту ќе му биде. Бакрачески е дел од ВМРО-ДПМНЕ и дел од тимот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Му порачуваме на Јоне Станковски да види во кој дрес е сега, а тоа е дресот на СДСМ и заедничката коалиција на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски кои што заеднички ја уништуваа Македонија во изминативе 20 години и има само една работа полоша од предавник а тоа е предавник и слуга. Во таква позиција е Јоне Станковски и неговиот шеф Љубчо Георгиевски, луѓето кои лавот го заменија со петокрака.

Јоне Станковски е еден од најревносните поддржувачи на Петрески и СДСМ преку гласањето за сите штетни одлуки во изминатиот мандат на советот.

Во ВМРО-ДПМНЕ и кај Бакрачески секојдневно доаѓаат нови луѓе од различни политички провиниенции како СДСМ, ВМРО-НП, ЛДП, партии на Египќани, Турци и други кои ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ и кои се предвесници на големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески на 24 март“. – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

WebOhrid