Шокаровски: Господине Петрески, Општината Охрид ја направивте една од најзадолжените во РМ

„Согледувајќи ги изминативе 8 години на власт на Александар Петрески и СДСМ во Охрид слободно можеме да кажеме дека тоа е време на лаги и измами и бесмислени манипулативни ветувања. Од денешен аспект, можеме да потврдиме дека од сите дадени ветувања на Александар Петрески и СДСМ ниту едно не е реализирано“. – обвини на денешната прес конфернеција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Харалампие Шокаровски.

Како што истакна Харалампие Шокаровски, Петрески и неговите следбеници, со истите фрази, со истите реченици со кои ги лажеле своите сограѓани пред 8 и пред 4 години се обидувале истото да го направат и сега. Доколку Петрески ги негира овие тврдења  и обвинува дека неосновано е напаѓан, како што кажа Шокаровски, тука се за да го потсетат за сите ветувања и сите нереализирани проекти во градот Охрид.

„На 18.01.2007 година Пeтрески најави Изградбата на аква парк, како и реализацијата на планираните проекти за изградба на голф игралишта и зимски центар на Галичица, со што, ќе се збогати туристичаката понуда и ќе стане многу поконкурентен на светскиот пазар.02.01.2009 година беше дадено ветување од Александар Петрески дека Охрид  во оваа година ќе добие уште неколку спортски сали, нов покриен и отворен базен, универзална сала, покриен пазар, неколку нови хотели.18.03.2009 Александар Петрески најави довршување на сите преостанати  инфраструктурни делови од општината, зголемувње на сместувачките  капацитети и продолжување на започнатата туристичка промоција на Охрид, реализација на програмата за рурален туризам, изградба на современ пазар и современ објект на новата автобуска станица, изградба на регионален дом за стари лица и слично. 25.03.2011  Александар Петрески  излажа дека со помош на градот Марибор со заеднички проект се планира да се донесеме исправна користена жичара која би служела 10-тина години додека не се направи друга, посовремена“. – потенцира Шокаровски.

Како што рече Шокаровски, Петрески не успеал да реализира ниту еден проект кој сам го ветил, а воедно дека Општината Охрид ја направил една од најзадолжените во РМ.

„Се обидувате со нелегални договори за дело да ги купувате гласовите на граѓаните и да се извлечете од калтта во која веќе сте потонати. Меѓутоа охриѓани нема да дозволат да бидат повторно манипулирани и заведени а сите вакво нелегални активности ќе бидат доставени до надлежните органи и ќе бидат законски процесуирени. Затоа господине Петрески вие ја изгубивте довербата на Охриѓани и ако мислите дека граѓаните ќе ви заборават ,сте се излажале. Тргнувајќи од сите овие факти едно е сигурно ,граѓаните на 24 Март ќе ви испратат од местото Градоначалник и ќе гласаат за Никола Бакрачески и листата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што на Охрид му требаат дела, Охрид се сака со дела“. – додаде пратеникот Шокаровски.

WebOhrid