Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Кичево против лицето И.М. (42)од Кичево поднесе кривична пријава.
При претрес во неговиот дом во Кичево, пронајдена е помала количина опојна дрога Марихуана што била сокриена во една од собите во семејната куќа додека друга помала количина, пријавениот сокрил под керамидите од надворешната ограда.
Марихуаната, пријавениот И.М. неодамна ја купил од друго лице со цел натамошна препродажба на нарко зависници од Кичево по што, во неговиот дом извршил нејзино препакување во помали количини.
Така спакуваната марихуана околу пет грама, тој имал намера преку свои канали да ја продава на наркопазарот односно требало да ја препродава на наркозависници од Кичево со кои претходно договарал средби.
Инаку, пријавениот е познат на службата како извршител на вакви и други казнени дела за што е затворски осудуван.