Македонија падна на 84 место според најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија забележа пад од едно место на ФИФА рејтинг листата. Според денешната најнова листа, фудбалската репрезентација на Македонија се најде на 84 место.

Нема промени на врвот на ФИФА рејтинг листата, каде се наоѓаат Шпанија, Германија и Аргентина.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Саудиска Арабија, со скок од +14 места се најде на 73-то место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Габон од -8 места и се најде на 85-то место.

WebOhrid