Делегација на училиштето Конак Мерсинли од Измир во посета на Охрид

Во месец декември минатата година во Измир, Турција беше потпишана спогодба за соработка помеѓу ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и техничкото училиште Конак „Мерсинли“ од Измир, Република Турција. Во договорот се издвојува меѓународната соработка, развивање на пријателството, унапредување и модернизација на наставата и образовниот процес од двете страни, ширење на пораката за мир и солидарност, како и промоција на културните вредности и традиции.

Како резултат на интензивната соработка, овие денови во посета на Охрид и ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ е делегација од училиштето во Измир, Турција предводена од директорот на училиштето Енвер Туркоглу. Со ова се заокружува иницијативата за збратимување, така што од наредната учебна година во посетите ќе бидат вклучени и учениците од двете училишта.

Делегацијата на училиштето Конак Мерсинли од Измир, денеска беше на прием кај секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески. Заеднички впечаток беше заклучено ваквите средби се пример за добрата меѓусебна соработка која општина Охрид ја има со неколку општини од пријателкса Турција.