Охрид ќе биде домаќин на светската туристичка бизнис елита

По повод големата Конференција за туризам што  од 10 до 12 септември ќе се одржува во Охрид и Скопје ,а чиј покровител е Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски  и  Генералниот секретаријат на Светската туристичка организација, денес градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба со регионалниот директор   за Европа  на Светската туристичка организација  UNWTO, Изабел Гарања.

Turisticka_organizacija_april_2014_4851

На средбата директорката Гарања го информира градоначалникот Бакрачески за суштината и важноста  на Конференцијата за туризам која што покрај туристички и економски има и силен политички дел. Притоа градоначалникот Бакрачески го изрази огромното задоволство што на Охрид му се нуди можноста да биде домаќин на ваква  манифестација  со светско реноме. Градоначалникот  истакна дека Општина Охрид ќе ја даде целата логистичка поддршка во поглед на непречена организација на оваа меѓународна туристичка конференција.
Turisticka_organizacija_april_2014_4854
 
Госпоѓа Гарања, заедно со својата придружба попладнево беше на прошетка низ Охрид со цел да се запознае со сите културно историски белези и археолошки локалитети кои ги поседува Охрид- балканскиот Ерусалим.
Во насока на подготовките г-ѓа Гарања, покрај со градоначалникот Бакрачески,  имаше работни состаноци  и во министерството за надворешни работи и со Директорот на Агенцијата  за промоција и поддршка на туризмот  .До крајот на овој месец ќе се  договорат  сите детали околу конференцијата.
Turisticka_organizacija_april_2014_4853
Фактот што Охрид ќе биде домаќин на  ова значаен меѓународен настан,  укажува дека во есенскиот период  очекуваме бројни елитни гости , кои ќе обезбедат туристичко пулсирање надвор од главната туристичка сезона.