Прво место за ОУ „Христо Узунов“ на регионалниот натпревар во футсал

Екипата од ОУ „Христо Узунов“ го освои првото место на регионалниот натпревар во футсал кој се одржа во Кичево.

ОУ „Христо Узунов“ во Првото коло го совлада Гостивар со 9:1, во полуфиналето Кичево со 4:1 и во финалето Гостивар со 5:2. Најдобар стрелец со 8 постигнати голови беше Александар Георгиески – ученик во деветто одделение.

Ментори на тимот на ОУ „Христо Узунов“ се професорите по физичко: Стефанка Ангелоска, Душко Крстески, Гоце Тасески и Александар Толески.

Како првопласирана екипа на ова регионално натпреварување, ОУ „Христо Узунов“ обезбеди учество на републичкиот натпревар.

WebOhrid