101 место за Македонија според најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија забележа пад од едно место и се наоѓа на 101 место според најновата ФИФА рејтинг листа.

На врвот на ФИФА рејтинг листата и понатаму се наоѓа водечката тројка Германија, Аргентина и Колумбија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Бахреин, со скок од +12 места се најде на 110 место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Јордан од -12 места и се најде на 93 место.

WebOhrid