Во тек е проектот Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро финансиран од CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund) кој започна во септември минатата година и ќе трае до јуни овој месец.
„Претходните месеци организиравме 8 јавни дискусии во 8 села од сливот на Сатеска и Коселска Река. Организирани се и 2 обуки, во општините Дебрца и Охрид на тема: Наводнување и заштеда на вода, со цел адаптирање кон климатските промени. “- велат од Еколошко друштво Грашница, Охрид.
Утре ќе се одржи завршната конференција на тема: „Можности за заштита на животнатата средина преку оптимално наводнување и ѓубрење“. Предавачи на работилниците се проф. Д-р Ордан Чукалиев од Факултетот за земјоделски науки и храна, и Едуард Неделчиу, експерт од организацијата CEEweb for Biodiversity Унгарија.
На крајот од конференцијата ќе бидат донесени заклучоци и насоки за како да се постигне правилно и рационално управување со водата за наводнување во светло на климатските промени и заштита на животната средина. Истите ќе бидат доставени до сите надлежни институции на локално, со цел примена во пракса на предвидените предлог-мерки.
На конференцијата ќе присуствуваат земјоделци од општина Охрид и општина Дебарца, претставници од државни институции како и од општина Охрид и Дебарца.