Утре и задутре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 14-15 часот.

Во сабота (11-ти јули), поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид кај Извор сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 16-17 часот.