Во понеделник прекин на водоснабдувањето на неколку улици низ градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради интервенција на водоводна линија, во понеделник ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците „Партизанска“, „Спас Банџов“, дел од „Јане Сандански“ и дел од „Кеј Македонија“ во период од 08:00 до 14:00 часот.