Македонија закотвена на 138 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација веќе трет месец по ред останува на 138 место на ФИФА рејтинг листата.

Нема промени и на врвот од најновата ФИФА рејтинг листа, каде останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Ерменија, со скок од +7 места се најде на 116 место, додека пак најголем пад од -15 места има репрезентацијата на Сао Томе и Принсипе која се најде на 174 место.

WebOhrid