МФФ, Проекции на кратки филмови во Кавадарци

На 3ти Ноември во 19 часот , во Домот на Културата на Кавадарци, ќе се одржи МФФ-Младински Филмски Фестивал. МФФ е проект изработен од младите во Кавадарци и подржан од програмата “ImpACT” и УСАИД. Целта на фестивалот е да се покажат и презентираат кратки филмови изработени од млади надежни македонски режисери. Во Македонија годишно се изработуваат многу краткометражни филмови од кои голем број се на студенти, но тие остануваат снеоткриени од пошироката публика во нашата земја. Токму поради тие причини се одржува оваа мала проекција на 8 кратки македонски филмови.…

повеќе...

Голема изложба на детски цртежи на тема штедење и истражување во НЛБ Банка

Во НЛБ Банка на 30-ти октомври свечено се отвори изложбата на детски цртежи на тема штедење и истражување. Изложбата ја отворија Антонио Аргир – Претседател на Управниот одбор на Банката и македонската уметница Анкица Влашиќ-Гроздоска. Како поддржувач на уметноста и науката, НЛБ Банка, по повод НЛБ Месецот на штедење, традиционално, по шести пат, организира изложба на детски цртежи на тема штедење и истражување. Цртежите се собираа преку организирани забавно – едукативни посети на повеќе училишта и градинки во Македонија и во самите експозитури на Банката. Почетокот на активностите за собирање…

повеќе...

Општина Охрид ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Општина Охрид презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата бездомници, на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување и ќе се бара трајно решение за определување на локација за стационар. Ова го изјави градоначалникот Јован Стојаноски на денешната прес-конференција. „Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од комуналното претпријатие за справување со оваа проблем. Важно ние да…

повеќе...

Во ОУ „Григор Прличев“ се реализира едукативна кампања за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“

Денес, првачињата од ОУ „Григор Прличев“ имаа одлична можност низ детска претстава да научат како правилно да се однесуваат во сообраќајот. Претставата беше во форма на симулација на сообраќајни ситуации и демонстрација на сообраќајни правила и прописи, со цел децата на интересен и забавен начин да научат како треба правилно да се однесуваат во сообраќајот, за нивна поголема безбедност. Детската претстава која беше изведена во ова училиште е дел од едукативната кампања под наслов „Јас внимавам“ во организација на ОКТА АД – Скопје, а се реализира во соработка со Министерството…

повеќе...

Охриѓанка фалсификувала банкноти од 1000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсикикување на пари“. Пријавената на 01.08. и на 02.08. годинава во Охрид, во пекара, во бутик и во градскиот трговски центар, пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1000 денари со идентичен сериски број, со што се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари.

повеќе...

Од утре минусни утрински температури

Од утре во Македонија времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата, соопшти Управата за Хидрометеоролошки работи. Најстудено ќе биде во среда кога утринската температура ќе се спушти до минус шест степени. Од УХМР за во петок најавуват умерено наоблачување. Утринските температури ќе бидат малку повисоки и ќе се искачат до пет степени. За време на викендот минималната утринска температура ќе изнесува минус три, а максималната дневна температура ќе достигне 20 степени. Извор: НетПрес

повеќе...

Работна посета на Министерот Димитров во Естонија, Латвија и Литванија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, од 30 октомври до 3 ноември 2017 година, ќе престојува во работна посета на балтичките земји. Регионалната турнеја ќе започне во Република Естонија, актуелниот претседавач со Советот на ЕУ, ќе продолжи во Република Латвија, а ќе заврши со работна посета на Република Литванија. Во рамките на посетата Министерот на своите балтички колеги ќе им ги претстави досега преземените конкретни чекори од страна на Владата на Република Македонија за поттикнување на евроатланските интегративни процеси на земјата, преку Акцискиот план 3-6-9, како и…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради бесправна сеча на огревно дрво

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“, „кражба“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Охрид. Пријавениот, во текот на август оваа година, во атарот на охридските села Плаќе и Речица, со моторна пила неовластено извршил бесправна сеча, односно без одобрение за сеча соборил 4 метри просторни буково огревно дрво кое, на повеќе наврати го натоварил во патничко моторно возило „Застава 101-скала 55“ и го пренесол во својот дом на улицата ,,Абас Емин” во Охрид. При транспортот, пријавениот бил забележан од…

повеќе...

Работна посета на претседателот Иванов на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денеска – 30 октомври 2017 година, престојува во работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. За време на престојот во Лондон, претседателот Иванов ќе оствари средба со спикерот на Долниот дом на британскиот Парламент, г. Џон Беркау и со спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, Лорд Фаулер. Во рамки на работната посета претседателот Иванов ќе одржи предавање на Оксфордската унија и ќе оствари средба со претседателот на Универзитетот „Оксфорд”, Лорд Крис Патен. Македонскиот претседател ќе има обраќање…

повеќе...

Премиера на „Човекот-делфин“ во Охрид

Приказната за „Човекот-делфин“ во режија на Лефтерис Чаритос ќе може да ја погледнат и охриѓани. Ова е воодушевувачката приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв ќе ја достигне длабочината од 100 метри со слободно нуркање. Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој е главната инспирација и за „Големото синило“ на Лик Бесон. Кој би рекол дека оддалечувањето од површината, каде што сè ни е познато, значи доближување до себеси и до морето од каде што сме излегле? Кој би…

повеќе...