Mинатата недела, царинските службеници открија две царински измами, обид за нелегално преминување на границата од страна на 1 мигрант и повеќе обиди за криумчарење. Притоа, привремено се задржани возило со бункер, мотори за моторцикли и чамци, домашна ракија, цигари, девизи, семки од марихуана, облека, памучна ткаенина, футроли за мобилни телефони, загар и фалсификати. Царински измами Царинските службеници минатата недела открија два обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки преку погрешно тарифирање на стока и погрешно декларирање на потекло на стока. Во првиот случај, во царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за…
повеќе...Tag: заплена
Откриени царински измами и запленети возило со бункер, лед рефлектори, употребувани производи
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани возило со бункер, гума за градежна столарија, лед рефлектори, разни употребувани производи, капи и фалсификати. Царински измами Во текот на минатата недела откриени се три царински измами, од кои еден обид за внесување на стока за која постои забрана за увоз и два обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки со погрешно тарифирање на стока. Во царинската испостава Гевгелија е откриен обид за внесување на екстра лесно гориво…
повеќе...Спречен обид за увоз на месо со поминат рок, запленети семки од марихуана, девизи, цигари и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за внесување на месо со поминат рок, открија една царинска измама, мигранти и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани семки од марихуана, девизи, цигари, облека, товарно возило, апарат за тестирање дизни, техничка стока, алат, фалсификати и друго. Девизи – 4.150 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи австриски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.Патникот пријавил дека со себе носи околу 2.500 евра, но во мала рачна торба се пронајдени…
повеќе...Пресечен меѓународен канал за шверц на злато
Инспектори од Одделението за истраги вчера, при претрес на патничко моторно возило „Голф 5“ на патниот правец Гостивар – Дебреше открија 8,5 кг злато, наменето за македонскиот пазар, чијашто вредност се проценува на над 200 илјади евра. Околу 10.30 часот за детална царинска контрола сопрен е македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, при што под предните седишта пронајдени се 3 најлонски кеси со 2.127 парчиња златен накит, со вкупна тежина од 8.610 грама. Од преземените предистражни мерки и активности утврдено е дека златниот накит е купен во Турција и на…
повеќе...Запленети марихуана, масло од канабис, техничка стока, цигари, хемиски препарати и фалсификати
Минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани марихуана, масло од канабис, апарат за отстранување тетоважи, 3Д расветни тела, електромотори и сигнални сијалици за лизгачки врати, USB-кабли, облека, обувки, ташни, завеси, делови за возила, рачки за врати, инсектициди, хербициди, семиња, цигари и фалсификати. Задржана е следната стока: Марихуана и масло од канабис – 60 ml масло од канабис, откриени на царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на пратка од Белгија наменета за македонски државјанин. Поштенската пратка била…
повеќе...Откриена царинска измама и запленети марихуана, тутун, делови за возила, лајтшоу и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама, еден обид за криумчарење марихуана и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани тутун, цигари, облека, гуми за патнички возила, делови за градежни машини, лајт-шоу и фалсификати. Задржана е следната стока: Марихуана, тутун и цигари – околу 16 грама марихуана, откриени при контрола на холандски џип со приколка, управуван од холандски државјанин пријавен за излез од државата на граничниот премин Богородица. При извршената контрола, пред совозачкото седиште, во една хартиена кеса со отпадоци, била пронајдена…
повеќе...Запленети фалсификати, девизи, амбалажа за тутун, фунгициди, ножеви за фреза и облека
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани фалсификати, девизи, картонски кутии за пакување тутун, фунгициди и облека. Задржана е следната стока: Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост – 199.584 парчиња тоалетен сапун со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на турски камион пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран, натоварен со стока со потекло од Турција, a наменета за увозник од Албанија. Пазарната вредност на сомнителните сапуни е проценета на околу…
повеќе...Откриена царинска измама, запленети девизи, цигари, тутун, облека, ловечка муниција и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, цигари, тутун, облека, бижутерија, лак за нокти, ловечка муниција, машини за чистење, делови за градежни машини, нивелатори за плочки, шприцеви за тулумби и фалсификати. Откриена е и една царинска измама. Задржана е следната стока: Девизи – 8.600 евра, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на двајца патници пријавени за излез од државата. Во првиот случај, при личен претрес на албански државјанин кој имал намера да отпатува со лет…
повеќе...Откриена нелегална продажба на алкохол и енергетски пијалоци во Прилеп
Инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа открија случај на неовластена продажба на алкохолни и енергетски пијалоци, при што е запленета поголема количина од споменатата, но и друга разна стока. По добиена информација за нелегална продажба на алкохолни и енергетски пијалоци на подрачјето на градот Прилеп, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа презеде низа предистражни мерки и активности со цел откривање на лицата кои неовластено вршат продажба и дистрибуција на алкохолни и енергетски пијалоци без акцизни маркички и без притоа да бидат платени…
повеќе...На скопскиот аеродром пронајдени 4,5 кг хероин во дупло дно на куфер
Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје вчера спречија обид за криумчарење на 4,5 килограми хероин. Околу 20:00 часот, по пристигнување на летот од Истанбул, царинските службеници селектираа за детален преглед турски државјанин со иницијали Р.Ј. (39) заради невообичаената тежина на неговиот куфер и вознемиреноста. При деталната контрола на куферот, забележано е дупло дно, изработено од пластичен дел од друг куфер. По одлепување на преградниот дел, во внатрешноста е забележана салотејп трака со кафена боја, одозгора посипана со мелено кафе. Откако траката е отстранета, царинските службеници пронајдоа проѕирна најлонска…
повеќе...