Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, вино, моторцикл, автоделови, лекови, компресор, парфеми, тоалетни води, балони, облека, преносни компјутери, тапи за риболов, чаеви и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 4.500 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на македонски државјани, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во џебовите од јакната и фармерките на патникот се пронајдени вкупно 4.800 евра и 2.000 швајцарски франци за…
повеќе...Tag: заплена
Поднесени кривични пријави од Царинска управа во ноември 2015 година
Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец ноември 2015 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 10 кривични пријави против 12 физички лица и едно правно лице. Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Фалсификување исправа“ и „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Криумчарење Пет кривични пријави се поднесени против 5 физички лица за сторено кривично дело „криумчарење“. Една кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена против македонски државјанин, за…
повеќе...Запленети облека, обувки, алкохол и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани крзнени и текстилни производи, обувки, технички производи, алкохолни пијалоци, средства за хигиена, автоделови, плинска печка, брави за автобуси, додатоци за мобилни телефони и фалсификати. Покрај тоа откриена е и една царинска измама. Задржана е следната стока: Облека и обувки – 23 елеци и 7 јакни од крзно откриени при контрола на романски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Богородица, се пријавиле двајца романски државјани. Елеците и јакните се пронајдени…
повеќе...Запленети пари, акцизни производи, автоделови, гасен пиштол, народни носии, пехари и фалсификати
Минатата недела царинските службеници открија три царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани странски и домашни готови пари, цигари, домашна ракија, автоделови, гасен пиштил и муниција, народни носии, пластични држачи, пехари и фалсификати. Задржана е следната стока: Готови пари – 14.350 евра, откриени при личен претрес на еден македонски државјанин и еден турски државјанин со привремен престој во Република Македонија, кои како патници во турски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во џебовите и во чорапите на едниот патник се…
повеќе...Одземени рибарски мрежи – продолжуваат акциските контроли на Езерската полиција
Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2000 метри, сто парчиња риба Охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Акциските контроли на езерската полиција се реализираа пред два дена во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие по целата должина на северо-западната езерска гранична линија но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Акциите беа координирани со полициски службеници од полициската станица за граничен…
повеќе...Две правни лица од Скопје нелегално продавале алкохол
Тимови на Царинарница Скопје, формирани за контрола на продажбата на акцизна стока, вчера (20.11.2015 година) извршија контроли на територијата на град Скопје. Во 2 случаи, кај две правни лица откриени се неправилности и привремено се задржани околу 2,3 тони пиво и 4 литри ракија без акцизни маркички, со сомнителен квалитет за кои не е платена акциза. При контрола на угостителски објект (пивница) во Скопје, пронајдена е опрема за производство (мини-пивара) на пиво. Во објектот, сопственикот вршел и продажба на пивото кое го произведувал, но за истото не плаќал акциза. Од…
повеќе...Откриена фабрика за производство на фалсификувани патики
Царинската управа откри фабрика за целосно производство на фалсификувани спортски обувки од познати брендови. По претходно добиена разузнавачка информација дека во подрумски простории во општина Чаир во Скопје постои работилница во која неовластено се изработуваат брендирани патики, по неколкумесечна интензивна истрага инспекторите од Одделението за истраги преземаа оперативни мерки и активности за откривање и фаќање на сторителите. Работилницата функционирала на принцип на повремено производство, односно по неколку дена во неделата, обично пред пазарни денови, со цел да не биде воочливо работењето. Просторијата била користена по договор за закуп, но била…
повеќе...Запленети акцизни производи, бунди, девизи, фалсификати и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, алкохолни пијалоци, бунди, маслиново масло, девизи, техничка стока, мотор од комбе, средства за чистење, амбалажа за LEPTEN производии фалсификати. Задржана е следната стока: Акцизна стока – 72 штеки цигари марка Marlboro gold и Camel без акцизни маркички, откриени при контрола на македонски автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Цигарите се пронајдени во багажниот простор, во неколку кеси од фри-шоп, сопственост на македонски државјанин патник во возилото. Непријавените цигари…
повеќе...Спречен шверц на 3500 аквариумски риби и 600 желки
Царинските службеници на 7 ноември спречија два обиди за шверц на аквариумски риби, желки и храна за истите. Во првиот случај, мобилните царински тимови во возило со македонски регистарски ознаки пронајдоа и привремено задржаа3300 парчиња аквариумски риби, 600 парчиња желки, 200 парчиња растенија за аквариум и 10 килограми храна за желки. При контрола на патничко моторно возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки, кое претходно влегло во државата од Бугарија преку граничниот премин Ново Село, извршена околу 18:00 на влез во Скопје, во багажниот простор, зад возачкото и пред совозачкото седиште…
повеќе...Запленети девизи, акцизни производи, лекови, фалсификати и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, тутун, домашна ракија, лекови, религиозни предмети, облека, ташни, паричници, ремени и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 12.900 евра откриени во два одвоени случаи, при контрола на два бугарски автомобили пријавени за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Во првиот случај, во рачна ташна на патник во возилото, бугарски државјанин, се пронајдени 13.500 евра. Непријавените девизи се привремено задржани, а против прекршителот е поведена соодветна постапка. Во вториот…
повеќе...