СДММ: Младински камп во Охрид – Ситуацијата во Македонија и што понатаму

„Ситуацијата во Македонија и што понатаму” е темата на којашто младите социјалдемократи во наредните четири дена ќе дебатираат на традиционалниот, осми по ред, младински камп којшто се одржува во Охрид. Гостин на младинскиот камп, традиционално, ќе биде претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој со младите ќе дебатира за актуелните случувања во земјава и за Македонија после Груевски. Денеска, работниот младински камп го отвори претседателот на СДММ, Стефан Богоев. Во обраќањето Богоев им посака добредојде на присутните и изрази задоволство што конечно, после толку години можеме да кажеме дека се гледа…

повеќе...

Младинската организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваше на Летен камп за средношколци

Членовите на Младинската организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од 22-ри до 24-ти јуни учествуваа на летниот камп за средношколци. Учесници на кампот беа Дајана Сиљаноска, Игор Дуноски, Анастасија Чутрова и Џемил Јакуповски. Кампот е дел од проектот „Претприемач да се биде или не“, поддржан од „YES Network“ – мрежата за млади претприемачи со фондови од Европската Унија. На кампот се изучуваа основите на претприеништвото, креативното размислување, тимска работа, лидерство. Кампот беше наменет за сите средношколци кои сакаат да работаат сами за себе и да основаат сопствен бизнис, за сите оние…

повеќе...

Директорот на АМС Спасески во посета на Летниот училишен спортски камп во Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на „Летниот училишен спортски камп – Охрид 2015 “. „Имавме прилика да се запознаеме со најдобрите ученици и да им посакаме успешна работа со стручните лица, тренери, кои практично се најпознати македонски спортски легенди, меѓу кои се Пепи Манасков, Марин Докузовски, Врбица Стефанов,Јошко Миленковски, Зоран Бошковски и многу други“, рече Спасески. Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија, според него, во текот на изминатиот период инвестираше многу во развојот на училишниот спорт, но и во развојот на спортската…

повеќе...

Иницијатива за одржување на интернационален спортски камп во Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на ЈП „Билјанини извори“ Ристе Мишев, денес прими делегација од Ракометната академија „Андреа Лекиќ“ од Белград- соседна Србија. На работната средба со директорката на академијата Зорица Радојновиќ и со маркетинг директорот Милош Обрадовиќ , се разгледуваа можностите Охрид да биде домаќин на интернационалниот ракометен камп кој би се одржал во текот на месец јуни 2015-та година. Деталите за оваа иницијатива. односно евентуално одржување на овој спортски настан ќе бидат разгледувани на некоја наредна средба. Учесници на ракометниот камп се деца од 15 земји меѓу…

повеќе...

Во Охрид се одржа Младински камп „Светското наследство во рацете на младите“

Во текот на изминатава недела во Охрид беше организиран Младински камп на тема „Светското наследство во рацете на младите“ на кој учествуваа вкупно 90 средношколци од Македонија и Албанија. Во рамки кампот учесниците имаа можност да се запознаат со вештините за изработка на филигран, копаничарството, народната музика, сликање, правење кошници и други стари занаети кои се дел од богатото културно наследство во регионот. Кампот е завршна активност на прекуграничен проект чија главна цел е средношколците од Албанија и Македонија да научат да ги ценат различностите и да го заштитуваат светското и националното културно и природно наследство,…

повеќе...

Заврши традиционалниот летен камп на СДММ

Членови од високото партиско раководство на СДСМ во Охрид разговараа со младите социјалдемократи, кои дадоа поддршка на Стратегијата за вонинституционално дејствување на опозицијата. Се разгледуваат начините и формите за вклучување на младите во активностите на СДСМ и на опозицијата, што имаат конкретна цел, враќање на слободата и на демократијата во земјава. „Денес е тешко слободно да се изразуваш и да дејствуваш. Но, одговорност и зрелост е да се бориш за сопствената татковина и нејзината иднина. Социјалдемократскиот сојуз е втемелувач на современата македонска држава и борбата за демократија ќе ја продолжиме…

повеќе...

Во Охрид се одржува традиционалниот летен камп на СДММ

Деновиве во Охрид започна традиционалниот, седми по ред, летен камп на Социјалдемократската младина на Македонија. Кампот го отвори претседателот на СДММ, Стефан Богоев, кој на младите им посака успешна работа, низ која ќе другаруваат и ќе стекнуваат нови вештини. На летниот камп, учествуваат повеќе од 90 млади социјалдемократи од цела Македонија, кои овие денови ќе работат во три работни групи: „Нови медиуми”, „Техники за дебата” и „Родови прашања”. Ќе се организираат голем број на работилници за практична примена на стекнатите вештини од страна на учесниците. Гостин на летниот камп ќе…

повеќе...