Во временскиот период од 15.11.2013 година до 13.08.2014 година од куќа сопственост на Б.Б.(42) од Струга од страна на непознат сторител со употреба на физичка сила извршена е тешка кражба при што е одземен разен алат и златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 440.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
повеќе...Tag: кражба
Ограбена црква во струшко
На 05.08.2014 година, во Струга во с.Радожда, Р.С (54) од Р Албанија извршил кражба во црквата „Св. Петка“ од каде одзел 20 денари, а потоа во црквата „Св. Недела“ од каде одзел 40 денари. Лицето е приведено и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
повеќе...Ограбена црквата „Св.Антонија“ во струшко Глобочица
Црквата „Св.Антонија“ во струшкото село Глобочица беше мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и одзел околу 200,оо денари. Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 20-ти до 23-ти јули оваа година. Во црквата „Св.Антонија“, сторителот влегол откако го скршил прозорецот од источната страна а потоа се упатил во внатрешноста на црквата каде извршил пребарување низ црковните простории. Во близина на црковниот олтар ги забележал парите оставени од верниците, ги одзел по што избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање…
повеќе...Ограбена црква во струшко Драслајца
На 15/16.07.2014 година во с.Драслајца, струшко, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во црквата „Св. Недела“ при што одзел 700 денари, 150 австралиски долари и 20 швајцарски франци. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
повеќе...Кривични пријави за двајца охриѓани поради тешки кражби и прикривање
Секторот за внатрешни работи Охрид, против Г.С.(35) од охридското село Долно Лакочереј и В.Т.(39) од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Тешка кражба“ и „Прикривање“. Пријавениот Г.С. кон крајот на март оваа година, со употреба на физичка сила насилно отворил прозорецот од приземје на куќа на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид и по извршеното пребарување, одзел два лап-топ компјутери од марките „Асус“ и „Ацер“, околу 10.000,оо денари, 200 евра, сребрен и „Сваровски“ накит. Еден од одземените лап-топ компјутери, подоцна бил…
повеќе...Ограбени цркви во струшко Радожда
Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Струга против М.М.(24) од албанското село Котодеш поднесе кривична пријава. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена. Пријавениот, во периодот од први мај до осми јули оваа година, извршил серија тешки кражби во црквите „Св.Петка“, „Св.Архангел Михаил“, и „Св.Недела“ во струшкото село Радожда. Тој илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ населбата Радожда. Во погоден момент, М.М. влегувал во црквите каде насилно и со физичка сила ги отворал…
повеќе...Тешка кражба во куќа во Велгошти
На 29.06.2014 година во с.Велгошти, охридско, непознат сторител со употреба на подесен алат извршил тешка кражба во куќата на Д.Т.(63), одземајќи 25.000 евра и патна исправа. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
повеќе...Ограбени цркви во струшко
На 29.06.2014 година, во с.Пресовјане, струшко, непознат сторител со кршење на прозорско стакло извршил тешка кражба во црквите „Св. Богородица“ од каде одзел 500 денари и „Св. Никола“ од каде одзел 700 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
повеќе...