Отворено 28-то издание на Меѓународниот саем на книгата

Во Метрополис арената синоќа свечено беше отворено 28-то издание на Меѓународниот саем на книгата, кој е една од најзначајните културни манифестации во земјава. На отворањето, на кое присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, присутните ги поздрави Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопскиот саем. Директорката  Глигоровска  во своето обраќање истакна дека  Саемот на книгата веќе 28 години ги обединува домашните и странските изложувачи и љубителите на книгите, што е потврда за успешноста на оваа саемска манифестација. На отворањето, на кое како модератор се појави Игор Џамбазов, од името на помладата…

повеќе...

Состанок на Комитетот на НАТО за партнерства и кооперативна безбедност и Република Македонија

Денес во седиштето на НАТО во Брисел, се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации меѓу земјите членки на НАТО и Република Македонија, на кои се разгледуваат достигнувањата во спроведувањето на реформите во одбраната и достигнатиот степен на интроперативност на Армијата на Република Македонија со земјите членки на НАТО. На состанокот беа усвоени и новите Партнерски Цели 2016 за Република Македонија. Делегацијата од Министерството за одбрана ја предводеше државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова. Државниот секретар Чуповска Ристова во своето обраќање пред Комитетот на НАТО ја истакна важноста на ПАРП процесот за Македонија…

повеќе...

Јолевски – Доскоцил: Соработката меѓу Македонија и Австрија на одлично ниво

Билатералната соработка во одбраната, начините за нејзино унапредување, предизвиците од мигрантската криза, особено за земјите на т.н. Балканска рута, како и потребата за одржување на високо ниво на координација и размена на информации беа темите на кои денеска во Министерството за одбрана разговараа министерот Зоран Јолевски и неговиот австриски колега, Ханс Петер Доскоцил, кој престојува во еднодневна посета на Република Македонија. Министерот Јолевски посочи дека во рамките на разговорите, уште еднаш беше потврдена стратегиската цел за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО. Воедно, стана збор и за предизвиците…

повеќе...

Изложба на Решат Амети по повод 25 години ликовно творештво

Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби денеска во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, заедно со директорката Дита Старова-Ќерими, одржа прес-конференција по повод 25-годишниот јубилеј од ликовното творештво на познатиот сликар Решат Амети. На прес-конференцијата присуствуваа и сликарот Амети и кустосот Маја Крстевска. „Амети има повеќе од 200 самостојни изложби во Република Македонија, а своите дела ги изложувал и во дел од најголемите светски метрополи, како: Њујорк, Бостон, Хамбург, Анкара, Цирих, Брисел, Софија, Париз, Виена, Тирана, Нирнберг, Мајнхајм, Дижон, Шарлоа, Кронингем и Приштина“, истакна, меѓу другото, државниот…

повеќе...

Пиштар Лутфиу ја презеде функцијата министер за образование и наука

Новоизбраниот министер за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска и официјално ја презеде функцијата од досегашниот министер Абдилаќим Адеми. „Ќе продолжиме да ја имплементираме програмата на Владата во областа на образованието и науката. Тоа што е зацртано е амбициозна програма, бара многу напори, финансиски средства и соработка. Се надевам дека како и со досегашната динамика со која работевме како Влада ќе продолжиме и понатаму”, посочи Лутфиу. Досегашниот министер Адеми му посака успешна работа на новиот министер за образование и наука. „Посакувам одлична работа, успешна реализација на голем број од проектите…

повеќе...

Завршена едицијата за антологиски приказ на македонската литература на шест јазици

Министерството за култура денеска ги промовираше последните девет книги од проектот „Превод на антологии на македонската книжевност на шест странски јазици“ – сублимиран приказ на репрезентативен избор од најдоброто од македонските литературни дела кои интегрално беа објавени во едицијата „135 тома македонска книжевност“, а потоа во целост преведени и на англиски јазик. Антологиите опфаќаат седум книжевни родови (поезија, роман, расказ, драма, есеј, книжевна критика и литература за деца) и се објавени на француски, германски, шпански, руски, арапски и на кинески јазик. Во изборите се содржани дела од македонските преродбеници до…

повеќе...

Министерот Јолевски за Денот на НАТО: Зачленувањето во Алијансата останува стратешка цел за Македонија

Зачленувањето во НАТО е главен стратешки интерес на Република Македонија. За тоа постои најширок консензус во општеството, т.е. има огромна поддршка од граѓаните и консензус на политичките партии. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија на конференцијата по повод 4 Април, Денот на НАТО, која се одржа денеска во Домот на АРМ. Министерот Јолевски посочи дека во изминативе две и половина децении, Република Македонија ги споделува и ги промовира истите вредности и интереси со земјите членки на Алијансата. Членството во НАТО, додаде Јолевски, ќе придонесе за натамошно јакнење…

повеќе...

Петок е неработен ден за Ромите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 април 2016 година (петок), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.

повеќе...

Ќе се обновуваат фасадите во старата чаршија во Струмица

Идната недела Завод и музеј Струмица ќе објави тендер за реконструкција на фасади во Старата чаршија. Во првата фаза ќе бидат опфатени два објекта, а потоа дополнително уште три, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска при нејзината посета во Струмица. Ова е крупен проект за обнова на фасадите во старите градски јадра и на објектите ­ споменици на култура. Во Струмица ќе почнеме од старата чаршија на два објекта. Проектите се веќе готови. Добивме конзерваторско мислење од Управата за заштита на културното наследство.Следната недела, Завод и музеј треба да…

повеќе...

Нови 15 дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“

Петнаесет нови наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“, која има исклучително културно, научно и општествено значење за нашата средина и кој иницира една долгорочна мисија за развивање и подигање на нивото на општата интелектуална култура во државата, беа промовирани денеска во Археолошкиот музеј на Македонија. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска истакна дека „Врвовите на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ ги сублимираат најзначајните сознанија на општествената и хуманистичката мисла од антиката до денеска и во тој контекст овој проект има повеќекратна корист…

повеќе...