Започнуваат обуките за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд

Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување општина Охрид, согласно годишната програма на Одделението за локален економски развој за 2015 година, во која се предвидени „ Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд“ распиша конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за 20 невработени лица од следниве стручни профили: заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти-фини подесувачи на машини. Со курсевите ќе бидат опфатени по 5 лица од секоја од наведените стручни профили. Право на пријавување за овие курсеви имаа лица…

повеќе...

Обуки за дефицитарни занимања за 300 невработени лица

Триста невработени лица од утре ќе имаат можност да аплицираат за обуки за дефицитарни занимања со цел полесно да најдат работа на пазарот на труд. „Приватните компании имаат потреба од обучен и квалификуван кадар кој ги поседува вештините и знаењата побарувани на пазарот на труд. Во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија нудиме можност овие лица да посетат една од обуките во приватните компании кои имаат сертифицирани програми за обука и да се стекнат со дополнителни вештини да ја зголемат својата шанса за вработување,“ рече министерот за труд…

повеќе...

„AdventureEDU“ обуки за туристичкиот сектор и стопанството

Денес и утре Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и Интернационалната асоцијација за активен туризам (ATTA) одржуваат „AdventureEDU“ обуки за туристичкиот сектор и стопанството. Дводневната обука ќе им обезбеди на учесниците вештини и знаења кои се неопходни за да се постигне највисок квалитет во организирањето на првата европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која ќе се оддржи во Мај, 2016 година, а чиј домаќин ќе биде Македонија. Обуката ќе се фокусира…

повеќе...

Во јануари обуки за регистрација и паушално оданочување на земјоделците

Петок, 09.01.2015 13:00 – Вторник, 27.01.2015 12:00, Смојмирово, Десово, Скопје, Карамани, Мороишта, Белче, Чифлик, Мачево, Дојран, Гостивар, Требеништа, Македонска Каменица, Велес, Неготино, Кавадарци, Дедебалци,… Период: Од 9 до 27 Јануари 2015 година Локација: Смојмирово, Десово, Скопје, Карамани, Мороишта, Белче, Чифлик, Мачево, Дојран, Гостивар, Требеништа, Македонска Каменица, Велес, Неготино, Кавадарци, Дедебалци, Мешеишта, Боротино, Октиси, Подгорци, Борино, Валандово, Делчево, Дабиња, Јанковец и Болно. Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се…

повеќе...

Обуки за регистрација и паушално оданочување на земјоделците

Четврток, 04.12.2014 – Петок, 26.12.2014, Муртино, Долна Белица, Панчарево, Радовиш, Кукуречани, Горно Лакочереј, Бучин, Долно Лакочереј, Митрашинци, Скопје, Липково, Долно Оризари, Вардино, Делогожда, Обршани, Лозово… Период: Од 4 до 26 Декември 2014 година Локација: Муртино, Долна Белица, Панчарево, Радовиш, Кукуречани, Горно Лакочереј, Бучин, Долно Лакочереј, Митрашинци, Скопје, Липково, Долно Оризари, Вардино, Делогожда, Обршани, Лозово, Гевгелија, Банско, Гостивар, Подмочани, Ранковце, Росоман, Единаковци, Ропотово, Радолишта, Чашка, Будинарци, Крива Паланка, Просениково, Младо Нагоричане, Свети Николе, Пробиштип, Робово, Грнчари, Виница, Неготино, с.Пирава- Валандово, Ратево, Сопотница, Ложани, Владимирово, Куманово и Крани. Организатор: Управа за јавни…

повеќе...

Започна процесот на полагање на практичниот тест за полициски службеници

Дваесет и три кандидати на ниво на СВР Охрид денес го отпочнаа процесот на полагање на практичниот тест за полициски службеници. Практично, ова е групата кандидати за полициски службеници што денес го полагаат третиот испитен модул поврзан со мерките за контрола на возила и возачи. Испитниот процес е поврзан со познавање на законските сообраќајни правила и прописи односно познавање и практична примена на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземање мерки за безбедност во сообраќајот и по други параметри. Полагањето се реализира на неколку локации во градот,…

повеќе...

Уште 15 дена пријавување за обуки по англиски за таксистите

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во тек е пријавувањето на такси возачи за посетување на обука за изучување на англиски јазик. Рокот за пријавување е до 25.10.2014 година. Јавниот повик е објавен од страна на Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа и истиот се однесува на пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија, за посетување на обука за изучување на англиски јазик. Обуката за изучување на англиски јазик опфаќа посетување на предавање…

повеќе...

Одржани практични обуки за наставниците по физичко образование

Под покровителство на Агенцијата за млади и спорт денеска на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ се одржа финалниот дел од проектот „Континуирана едукација на наставниците и професорите по физичко“. Досега беа одржани обуки низ целата држава поделени на три региони: Скопје, Исток и Запад, но обуките во континуитет ќе продолжат и во следниот период. Носител на проектот е Агенцијата за млади и спорт, Министерство за образование и наука- Биро за развој на образованието и Факултет за физичка култура во Скопје, а главен покровител е Агенцијата за…

повеќе...

Јавен повик за професионална обука на бариста и бартендер

ЈАВЕН ПОВИК професионална обука на бариста и бартендер ЕДЕН – Туристичкиот Кластер на Југозападна Македонија, според проектот за унапредување и подигнување на квалитетот на услугите во угостителството, ги повикува сите НЕВРАБОТЕНИ заинтересирани лица лично да присуствуваат на повикот во Сабота 16.08.2014 год. со почеток во 13:00 часот во големата сала на втор кат при Агенцијата за Врабтување во Охрид. Според проектот 30 невработени лица ќе можат да ги поминат обуките и да се стекнат со меѓународен сертификат за професиите: – Бариста – подготовка на кафе – Бартендер – бармен, подготовка…

повеќе...