Заеднички тренинг на РШ „Седмерец“ и Спортската академија при ОУТУ „Ванчо Питошески“

Тренерите од ракометната школа Седмерец- проф. Катерина Стојаноска и проф. Олгица Грозданова Зиврев на своите ученици во школата за ракомет повторно им приредија несекојдневен тренинг. Имено, нивниот последен тренинг, младата ракометна надеж го одработи во друштво на учениците -ракометари од Спортската Академија при ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид. На овој тренинг од страна на ракометарите од ракометната паралелка им беа демонстрирани вежби кои седмерчињата ги следеа со особен интерес и задоволство, а потоа истите ги одработуваа. „Ваквите изненадувања ќе продолжат во иднина. Ние секогаш се трудиме тренинзите на нашите ученици да им…

повеќе...

Финишира изградбата на кабинети во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, Охрид, при крај се градежните работи за завршување на кабинетите за реализирање настава по сите предмети. „Кабинетите ќе се опремени со потребните нагледни средства за соодветниот предмет. Со проектот „Кабинетска настава“ се изградија вкупно 6 кабинети со кои се подобруваат условите за изведување настава во одделенска и предметна настава.“– велат од училиштето. ОУ „Живко Чинго“ постојано работи на подобрување на инфраструктурните услови за безбедно, непречено и квалитетно одвивање на воспитно – образовниот процес. WebOhrid

повеќе...

ОУ „Св.Климент Охридски“ се приклучи во одбележувањето на кампањата „Прегрни ја реткоста -прегрни за гинис“

Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид денес вработените и учениците се придружија на интернационалната кампања под мотото „ПРЕГРНИ ЈА РЕТКОСТА! ПРЕГРНИ ЗА ГИНИС!“. Акцијата се спроведува како поддршка на заболените од ретки болести, а по повод 29ти февруари, Светскиот ден на ретки болести. „Училиштето денес беше исполнето со прегратки, насмевки и позитивна енергија помеѓу учениците, наставниците, хигиеничарите, управата и сите останати вработени кои се гушкаа во своите училници, на скалите, во холот и училишниот двор. Со учество во оваа кампања, училиштето ја поттикнува емаптијата кај своите ученици за…

повеќе...

Во Охрид НАТО напредна школа за справување со заканата од тероризмот во ЈИЕ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вечер во Охрид ќе ја отвори НАТО – напредната школа „Справување со заканата од тероризмот во Југоисточна Европа“. Како што соопштуваат министерството, на школата, која е заеднички проект со американскиот универзитетот „Норвич“, ќе учествуваат 40 претставници на безбедносните служби, кризниот менаџмент, академската заедница и невладиниот сектор од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора и 17 експерти од областа од НАТО, ЕУ, Канада, Велика Британија, САД, Белгија и регионот. Школата, која ќе трае до 19 февруари ќе…

повеќе...

Новогодишна приредба во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

По повод Новогодишните празници во Основното училиште „Живко Чинго“, Велгошти денес се организираше новогодишна приредба збогатена со богата културно-уметничка програма. Учениците со нивните настапи ги израдуваа, ги насмеаа и ги забавуваа своите родители, баби и дедовци. „Учениците од нашето училиште имаат посебен уметнички сенс и афинитет, кој само треба да се насочи и канализира, ние како училиште тоа го постигнуваме преку работа во секции во предметна настава и откривање и работа со таленти во одделенска настава“, – вели директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски. На крајот од Новогодишната програма на радост на најмалите-првооделенчињата…

повеќе...

По втор пат Новогодишен базар во ОУ „Живко Чинго“- Велгошти

Втора година по ред Основното училиште „Живко Чинго“-Велгошти во рамките на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ организира Новогодишен базар, на кој ќе бидат изложени за продажба голем број на новогодишни украси и колачи. „Од вредните раце на нашите ученици под раководство на нивните наставници и помош од родителите излегоа бројни украси, елки, честитки, икебани и други вредни подароци кои беа изложени во Спортската сала „Тодор Александров“, а ги купуваа бројните гости кои беа присутни на ова манифестација.“– информираат од училиштето. Собраните парични средства ќе се искористат за…

повеќе...

Предновогодишен и несекојдневен тренинг во вода на РК „Седмерец“ Охрид

Членовите на ракометната школа „Седмерец“, Охрид одржаа несекојдневен тренинг, невообичаен за она што секој тренинг го работат во спортска сала. Овој тренинг членовите на „Седмерец“ го одржаа во еден подруг амбиент, односно во затворениот базен во хотелот Тино. Професорките Катерина Стојаноска и Олгица Грозданова Зиврев дојдоа до оваа идеја се со цел на членовите од Школата за ракомет да им приредат едно предновогодишно и несекојдневно изненадување- тренинг во вода со што ја заокружија 2015 година. „Тренингот во вода, односно вежбањето во вода треба да се практикува преку целата година, бидејќи…

повеќе...

Предавање „Реонскиот полицаец ве советува“ во ОУ „Григор Прличев“

Деновиве во просториите на училиштето „Григор Прличев“, Благоја Стевоски од СВР Охрид и реонскиот полицаец Сашо Дончевски остварија средба со четвртооделенците. Целта на ова интересно предавање беше учениците поблиску да се запознаат со професијата полицаец, меѓутоа пред сè да се запознаат со начините на кои можат да се заштитат. „Безбедноста дома, на училиште, на улица… Како безбедно да го користат интернетот, како да се однесуваат на телефон со непознати, безбедност од дрога, пиротехника. Учениците беа советувани и за појавата на вандализам ( насилство), како и насилството меѓу врсниците… Основците добија корисни…

повеќе...

Ученички активности во ОУ „Григор Прличев“

Во текот на оваа недела учениците од седмите и деветтите одделенија од ОУ „Григор Прличев“ внесоа свежина во уличишните ходници. „Користејќи се со рециклирани материјали, како и други техники за работа го оживеаја и внесоа свежина во просторот. Оваа работна недела поминува и во знакот на Денот на дрвото, ден во кој нашите ученици учествуваа во засадување на млади дрвца во областа Мауцхер, додека останатите ученици во зависност од возраста имаа соодветни активности во училниците ( цртање на еколошки теми, засадување на саксиски цвеќиња, дискусии на теми поврзани со пошумувањето),…

повеќе...

Заеднички час на основците од „Григор Прличев“ и „Братство Единство“

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Братство Единство“ одржаа заеднички час на македонски и турски јазик, во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој се реализира со основно училиште „Братство Единство“. Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, се овозможува организација на заеднички активности и создавање услови со цел учениците да развиваат нови идеи и иницијативи за зајакнување на меѓуетничката соработка. На крајот ученичките активности завршија со заеднички доручек со познатиот, охридски ѓеврек. Инаку, целта на проектот е подобрување на меѓуетничката комуникација и…

повеќе...