Како и секоја година и оваа година Центарот за јавно здравје Охрид презема низа активности кои што се насочени кон превенција, односно заштита на населението од сезонски грип. За оваа година набавени се 3 илјади вакцини за подрачјето на Охрид, Струга и Дебар каде што и ќе се врши вакцинирањето од страна на епидемиолошките екипи на Центарот за јавно здравје кои што почнувајќи од понеделник 16ти октомври, ќе вршат редовно вакцинирање на сите оние кои што се заинтересирани, кои што сакаат да дојдат во амбулантите на Центарот за јавно здравје…
повеќе...Tag: вакцини
Една година од воведувањето на поливалентните вакцини во Македонија
Една година од воведувањето на поливалентните вакцини во Македонија ефектите се одлични, опфатот во првите шест месеци од годината е 48,55 проценти што значи дека за цела година тој ќе изнесува 97 отсто, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров при денешната посета на Поликлника „Букурешт“ во Скопје. Поливалентните вакцини во Република Македонија прв пат се воведоа на 1 септември 2015 година. „Вакцините се добро прифатени од населението и процентот на имунизација е одличен, што ја става Македонија во земјите со висок степен на имунизација на населението. Досега се дадени 54…
повеќе...АХВ: Пристигнаа 250.000 вакцини против болеста чвореста кожа
Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста Чвореста Кожа кај говедата денеска пристигна во Република Македонија. Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек. Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста Чвореста Кожа.
повеќе...Министерството за здравство обезбеди 3.000 вакцини против стрептокока
Три илјади дози вакцини против бактеријата стрептокока набави Министерството за здравство, кое продолжува со унапредување на превентивната здравствена заштита со посебен фокус на заштитата на здравјето на децата. Вакцината е незадолжителна и бесплатна и е наменета за деца на возраст од шест недели до пет години, информираше министерот за здравство Никола Тодоров. Вакцината е достапна и сите родители кои сакаат да го вакцинираат своето дете потребно е да се обратат до центрите за вакцинација во своето место на живеење и да се пријават, по што во рок од 10 дена…
повеќе...Од август почнува примената на шествалентните вакцини
Од август ќе започне примената на шествалентните вакцини кои веќе пристигнаа во Македонија, а од септември се очекува да почнат да се користат и петвалентните вакцини, најави денеска премиерот Никола Груевски. „Веќе вчера пристигнаа шествалентните вакцини и во наредните две до три недели ќе се распределуваат низ сите јавни здравствени установи според претходно утврдена шема. Околу 1 август ќе започне нивното користење, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по помоцијата на нови книги од проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици“.- рече Груевски. Што се однесува…
повеќе...