Политиките на Владата продолжуваат во насока за унапредување на правата на лица со инвалидност. Објавен е вториот по ред оглас за самовработување на лицата со инвалидност. Сите оние кои сакаат да основаат свој сопствен бизнис од денеска ќе можат да се пријават во подрачните единици на АВРМ и да добијат грант од државата од 270.000 денари. Дополнително, тие ќе можат да вработат уште најмногу две лица, за кои ќе добијат по 92 илјади денари. Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека лицата со инвалидност имаат знаење…
повеќе...Tag: вработувања
Ставрески: Oд јуни 2006 до декември 2015 година се креирани вкупно 150.000 нови работни места
Бројот на вработени од 566 илјади во 2006 година сега изнесува 716 илјади. Креирани се нови 150.000 работи места, а само во странските фирми кои работат во Македонија 16.000. Намалувањето на невработеноста останува наша долгорочна цел. Сите политики што ги презеде Владата во таа насока дадоа резултати и тие ќе продолжат и во иднина, а ќе се преземат и дополнителни. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска на прес-конференција во партиското седиште за сработеното во делот на намалување на невработеноста во изминатите 9,5 години. Намалувањето на…
повеќе...Истекува мерката за вработување млади до 29 години, досега вработени над 12 илјади
Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ја посети чевларската фирма „Тушевски“ во Куманово која ангажира 180 вработени, од кои 57 се млади лица вработени лани и во тековната година. Спасов,заедно со пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, преставници од државни институции ја посети фирмата за да се види дали таа користи мерки, колкава е досегашната соработка со кумановскиот центар за вработување, како се реализираат мерките и дали помагаат во проширување на дејноста на фирмата и зголемувањето на бројот на работни места. „Како што не информираше сопственикот, тие се наш долгогодишен партнер…
повеќе...Германската STS Textiles инвестира во Демир Хисар, над 1000 вработувања
Германската текстилна компанија STS Textiles денеска најави браунфилд инвестиција во Демир Хисар. Во капацитетите на поранешна „Застава“ првично ќе вложи четири милиони евра и ќе отвори 150 работни места. Плановите на компанијата, според сопственикот Маркус Туч, се бројот на вработени долгорочно да достигне 1000. „Ние сме високо технолошка компанија од текстилната индустрија. Македонија е второто место каде ќе имаме производство. Посетивме неколку држави, Холандија, Бугарија, Романија и Македонија, но по напорите што ги вложи македонскиот тим одлучивме да инвестираме тука, “изјави Туч. Новата компанија во Македонија, најави, ќе биде регистрирана…
повеќе...Општествено корисна работа во општините за 200 лица од ранливите категории
Двесте невработени лица од социјално ранливите категории, приматели на социјална помош, лица во социјален ризик и потешко вработливи лица годинава ќе можат да бидат ангажирани за општокорисна работа во општините за период од шест месеци за што ќе добиваат месечен надомест од 6.200 денари. Во периодот на ангажманот лицата кои примаат било каква парична помош од државата нема да ја изгубат. Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов појасни дека на овој начин се овозможува ангажирање на лицата од овие категории кои потешко доаѓаат до работа, со кое, како…
повеќе...Грантови од по 1.500 евра за 200 нови работни места
Нови 200 вработувања ќе се реализираат преку мерката за финансирање поестоечки микро и мали претпријатија за што се се издвоени вкупно 18 милиони и 400 илјади денари. Со по 1.500 евра ќе се финансира секое новоотворено работно место во претпријатијата. Огласот за мерката е отворен денеска и нема временско ограничување односно ќе трае додека не се испони предвидената бројка. Како што појасни денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заинтересираните компании можат да аплицираат за отворање од 1 до 5 работни места, а средствата ќе ги добијат…
повеќе...Груевски: Ќе се вработат 8.700 невработени преку програмата за вработување
За ВМРО-ДПМНЕ еден од клучните столбови е зголемувањето на вработеноста и намалување на невработеноста, поради што Македонија има рекордна стапка на невработеност од 25,5 проценти. Работата на ова поле продолжува и годинава. Ова денес го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Дневникот на Сител, откако денес присуствуваше на работен состанок на кој се разгледуваше имплементацијата на мерките за вработување. „Многу ми е важно ми е тоа што го имаме ветено пред граѓаните да се реализира и затоа денес дискутираме околу акцискиот план, роковите и начините како ќе…
повеќе...Со напредните ИТ обуки се обезбедуваат нови вработувања
Владата организира обуки за напредни информатичко – комуникациски вештини за невработените лица, кои се многу значајни во зголемувањата на знаењата и вештините на лицата, и кои сериозно ја зголемуваат конкурентноста на лицата кои ќе ги поминат обуките на пазарот на трудот. Искуствата покажуваат дека по поминувањето на овие обуки, лицата многу лесно наоѓаат работа, и се вработуваат во компаниите кои имаат потреба од ваков кадар. Голем дел пак од лицата кои ги завршуваат обуките продолжуваат да работат како самостоен бизнис, и тоа соработувајќи он лине со странски компании за чиишто…
повеќе...Спасов: 44 милиони денари за обука и субвенционирано вработување
Со средства во висина од 44 милиони денари во наредниот период преку комбинирани мерки за обука и субвенционирано вработување ќе се вработуваат лица од социјално ранливите категории, долгорочно невработени, постари лица над 50 години, како и млади до 29 години. Како што појасни на денешната прес-конференција заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов преку комбинирање на овие две мерки годинава треба да се вработат 333 невработени лица. „Предвидена е субвенција за обука од 6.200 денари месечно по лице во период од три месеци, како и субвенција за плата…
повеќе...Нови 8.700 вработувања со Оперативниот план за 2016 година
Околу 8.700 лица се очекува да се вработат со новиот Оперативен план за вработување за 2016 година, најави денеска премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски истакна дека со Оперативниот план ќе бидат опфатени 13.500 лица од кои за 8.700 се очекува да се вработат, а останатите ќе поминат низ обуки. „За оваа цел ќе бидат инвестирани 11 и пол милиони евра кои се предвидени во Буџетот на Република Македонија и се изгласани во Собранието. Ова ќе биде уште еден придонес кон намалување на невработеноста, односно зголемување на вработеноста.…
повеќе...