Преку проектот „Македонија вработува“ досега ангажирани 4.535 лица

Вкупно 4.535 лица се вработени преку проектот „Македонија вработува“ за три ипол месеци, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на приватната компанија „Дока текстил“ од Валандово која ги има искористено поволностите од проектот. Спасов оцени дека компанијата е успешен и позитивен пример на македонска компанија која изминатите години ги користи поволностите што се нудат преку мерките за вработување. „Оваа компанија со годините се повеќе и повеќе се развива и го зголемува бројот на вработувања. Околу 10 проценти од вработените се преку мерките за вработување…

повеќе...

Еден милион евра инвестиција и 90 вработувања најавува Barracuda FX

Вкупно еден милион евра ќе биде првичната инвестиција на ирската компанија Barracuda FX која и официјално го потврди влезот во Македонија. Како што соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по средбата со менаџерскиот тим на компанијата, Barracuda FX ќе отвори посебен центар за истражување кој треба да почне со работа за околу еден месец, а вработени ќе бидат 80 до 90 високостручни кадри. „Се работи за центар за истражување кој не е типичен и досега нема таков во Македонија. Целта е, од она што сега го има компанијата…

повеќе...

Груевски: Се работи со полна пареа на трите автопати, ангажирани 2.220 работници

Изградбата на трите автопати се одвива според предвидената динамика. Имаше сосема мал застој поради лошите временски услови, но тој е надоместен. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните работи за реконструкција на железничката станица во Прилеп. „Во Македонија во моментов се градат три автопатишта и имаме добар прогрес кај сите. На автопатот Скопје – Штип пробиено е 90 отсто од трасата, кај автопатот Демир Капија – Смоквица има прогрес 57 отсто, а на автопатот Кичево – Охрид пробиено е 37 отсто од…

повеќе...

Груевски: ТИРЗ Охрид–Струга подготвена за влез на новите фабрики, 2.000 нови вработувања

Претседателот на Владата Никола Груевски во рамки на работната посета на Охридскиот регион денеска заедно со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и со претставници на Агенцијата за ТИРЗ, ја посети Технолошко-индустриската развојна зона Охрид – Струга, што се наоѓа на магистралниот пат во близина на охридскиот аеродром. Станува збор за инвестиција на Владата за привлекување странски компании, технолошко-индустриска зона за чие инфраструктурно уредување се обезбедени средства во износ од шест милиони евра. Премиерот Груевски истакна дека според информациите од претставникот на Агенцијата за ТИРЗ градбата на објектот е во тек,…

повеќе...

„OДВ Електрик“ отвора фабрика во охридско-струшкиот регион со 1.000 вработувања

Германската компанија од автомобилската индустрија „ОДВ Електрик“ за две недели ќе почне со изградба на фабрика во индустриската зона помеѓу Охрид и Струга каде најавува инвестиција од 15 милиони евра и отворање 1.000 нови работни места. Договорот за изградба на фабриката го потпишаа денеска во Скопје сопствениците на компанијата Кристијан Вајс и Андреа Мет и извршниот директор Лудвиг Батон со директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо во присуство на премиерот Никола Груевски. „ОДВ Електрик“ по одлуката за инвестирање во Македонија во април лани на крајот на…

повеќе...

„Кранфилд Фаундри“ отвора леарница во Пробиштип со 280 вработувања

Најсовремена, високо-автоматизирана еколошка леарница за производство на делови за автомобилската индустрија ќе гради компанијата „Кранфилд Фаундри“ во Пробиштип. Оваа најнова странска инвестиција вредна 15 милиони евра, која треба да отвори 280 вработувања, е официјализирана со договорот што го потпишаа менаџерскиот тим и ресорниот министер Бил Павлевски. Проектот ќе зафаќа површина од околу осум хектари, а ќе се состои од производствен погон и административна зграда на 15 илјади метри квадратни. Производството треба да почне најдоцна за една година. „Оваа инвестиција ја најавивме пред еден месец и денеска веќе го потпишуваме договорот.…

повеќе...

Спасов: Отворени над 4.200 работни места со мерките за кредитирање

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска истакна дека со мерките за кредитирање за отворање нови работни места и за самовработување досега се отворени над 4.200 работни места. „Тоа е уште еден показател за успешноста на мерките“, рече Спасов, додавајќи дека и натаму, во соработка со Агенцијата за вработување и Македонската банка за поддршка на развојот, ќе продолжат да ги поттикнуваат приватните компании и сите невработени за да ги искористат поволностите што им стојат на располагање. Министерот Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски…

повеќе...

Се намалува невработеноста во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година активното население во Република Македонија брои 959 388 лица од кои вработени се 697 248, а 262 140 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност е 41.6, додека стапката на невработеност е 27.3.

повеќе...

Слободни работни места, прво тримесечје од 2015 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.49%. Највисока стапка на слободни работни места има секторот Ж – Транспорт и складирање и изнесува 2.05%, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0.28%. Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.95%. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.88%. Најголем број…

повеќе...

Нови можности за нови вработувања – пет ново објавени огласи за вработување

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски на прес конференција за медиумите информираа за вкупно пет огласи за вработување кои се објавени преку Агенцијата за вработување на Република Македонија. „Четири од огласите се за мерката кредитирање, односно за самовработување и за отворање на нови работни места од кои што два се конкретно насочени за младите лица. Ќе ја спомнам онаа која што е најатрактивна за вработување на младите лица до 29 години кои што сакаат да се самовработат,…

повеќе...