Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради настанат дефект на главна водоводна линија ф450мм, утре, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „1-ва Мак.ударна бригада“,„15-ти Корпус“, дел од ул.„Питу Гули“ и дел од с.Лескоец. Прекинот ќе биде од 08:00 часот па се до отстранување на дефектот.
повеќе...Tag: дефект
Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во градот
Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводна линија ф 125мм, кај кружниот тек на Ул. 15-ти Корпус и Железничка, од моментов па се до отстранување на дефектот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „15-ти Корпус“, „Радојца Новичиќ“, „Живко Чинго“ и „Ристо Чадо“ како и на дел од улиците „7-ми Ноември“, „Питу Гули“ и „Железничка“.
повеќе...Успешно отстранет дефектот на улицата „Кленоец“
Дефектот кој настана на улицата „Кленоец“, наспроти новата Автобуска станица, вчера во текот на вечерните часови беше успешно отстрантет од страна на екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид. Се вршеше поправка на водоводна линија ф315мм од полиетиленски материјал до главната шиберна шахта, при што се изврши целосна реконструкција на водоводната линија во должина од 5 метри. Водата беше пуштена во водоснабдителниот систем во 21:00 часот, а комплетната санација со враќање во првобитна состојба на теренот траеше до 23:00 часот.
повеќе...Утре прекин во водоснабдувањето на улица „Живко Чинго“
Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ информираат дека утре, среда 22-ри април, поради промена на главен водоводен вентил ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „Живко Чинго“ во период од 09:00 до 12:00 часот.
повеќе...