До 13 часот на ниво на држава на гласање излегле 34,43 проценти од избирачите, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски. „Во изборна единица 1 излегле 38,35 проценти од гласачите, во ИЕ 2 – 33,71 проценти, во ИЕ 3 – 38,62 проценти, во ИЕ 4 – 39,9 проценти, во ИЕ 5 – 33,55 проценти, а во ИЕ 6 – 23,85 проценти“ – изјави Чичаковски. Тој додаде дека генерелната оценка на ДИК е дека гласањето се одвива во мирна и фер атмосфера, и засега немаат сознанија за нарушување на изборниот…
повеќе...Tag: дик
ДИК ќе го утврдува обликот на печатите на избирачките одбори
Државната изборна комисија попладневно закажа седница на која треба да ја разгледа и да ја усвои предлог-одлуката за утврдување на обликот на печатите на избирачките одбори во Република Македонија и на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, како и на избирачкиот одбор во Државната изборна комисија. ДИК соопшти дека на дневен ред на седницата закажана за 17 часот е и разгледувањето и усвојувањето на нацрт-планот за едукација на општинските изборни комисии по тимови, планиран за 29 и 30 ноември годинава. Извор: meta.mk
повеќе...Проверка во избирачкиот список и електронски и лично
Државната изборна комисија (ДИК) од денеска го стави на јавен увид избирачкиот список. Граѓаните, наредните 15 дена може да проверат дали ги има на списокот електронски, на веб-страницата на ДИК, или лично, во подрачните одделенија на комисијата. Рокот за проверка е 15 дена. Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8.30 до 19 часот во подрачните одделенија на ДИК, додека проверката на веб-страницата на Комисијата се врши само со матичен број. Граѓаните, всушност, вршат увид во избирачки список во кој не е внесена никаква промена, затоа…
повеќе...Димитриев на средба со членовите на ДИК
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев вчера попладне имаше средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) во функција на одржување на парламентарните избори на 24 април годинава. Димитриев средбата ја оцени како позитивна и конструктивна, посочувајќи дека од претходната средба се решени сите барања на ДИК, а барањата од оваа средба ќе бидат решени на следната владина седница. „Дискутиравме за заклучоците кои Владата ги донесе на една од претходните седници, но нотиравме и доста нови предлог-заклучоци кои ќе бидат предмет на дискусија на…
повеќе...Владата усвои заклучоци поврзани со работењето на ДИК
Во функција на подготовка на изборите на 24 април 2016 година, на вчерашната седница, Владата на Република Македонија за спроведување на изборите усвои повеќе оперативни заклучоци кои произлегоа од првата работна координативна средба на Владата и членовите на Државната изборна комисија, кои се во насока на организација на фер, кредибилни и демократски избори. Владата се обврза секоја седница на Владата, како прва пред точка на дневниот ред, да се разгледуваат отворените прашања поврзани со тековното работење на Државната изборна комисија во функција на задоволување на нејзините потреби и барања, како…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја прифатија методологијата на ДИК
ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила, соопштија од владејачката партија. „ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги преземе сите неопходни активности за спроведување фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи во согласност со законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат…
повеќе...