СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ш. (19) од с.Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда”. На 12.03.2017 година околу 05.00 часот, помеѓу ул. „Цар Самоил“ и ул. „Боро Шаин“, К.Б. (45) од Охрид бил пресретнат и нападнат со боксови од страна на пријавениот. Во тој момент К.Б. паднал и се здобил со скршеница на левата рака, а пријавениот му побарал 2000 денари. К.Б. му ги дал парите, а по четири дена пријавениот телефонски повторно му побарал 4000 денари. На 24.03.2017 година околу 21.00 часот пријавениот,…
повеќе...Tag: долг
Проверете дали имате долгови – УЈП ќе отпочне со присилна наплата на радиодифузна такса
Се повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за РДТ истите да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и блокирање на нивните сметки, активност која УЈП ќе ја отпочне од 15-ти ноември 2015 година кон должниците на оваа јавна давачка. Како наједноставно да платите Радиодифузна такса? Како да проверите дали имате долгови за РДТ?… Како наједноставно да платите Радиодифузна такса? Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат…
повеќе...Груевски: Стартува Законот за отпис на долгови од придонеси за социјално осигурување
Во сабота стартува Законот за отпис на каматите за долгови од придонеси за социјално осигурување, најави премиерот Никола Груевски при посетата на охридско-струшкиот регион. Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски појасни дека сите компании кои имаат заостанати долгови од придонеси, ќе може да ги платат без да ја плаќаат каматата. „За оние фирми чии што долгови се од периодот до 2008 година ослободувањето ќе биде 100 отсто, додека за оние што имаат насобрани камати од 2009 до 2014 година, ослободувањето ќе биде 70 проценти. Плаќањето може да биде на 36 рати.…
повеќе...Груевски: Продолжува отписот на долгови – мерка што Владата ја вети и ревносно ја спроведува
Околу 14 милиони евра е досегашниот износ на отпишани долгови, а 8.200 граѓани ги исполнуваат законските услови за оваа мерка. Но, бројките не се конeчни. Очекуваме нивно зголемување со оглед дека се уште трае прегледувањето на документацијата, изјави денеска премиерот Никола Груевски по пуштањето во употреба на локалниот пат меѓу селата Страгово и Крњево. Според Груевски, отписот на долгови е еден од проектите што Владата го вети на последните избори и ревносно го спроведува. „Се работи на целокупната документација доставена од граѓаните, се проверува колку соодветствува со законот. Очекувам досегашниот…
повеќе...Ставрески: Македонија предвреме го отплати долгот кон ММФ
Македонија предвреме и во целост го исплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со вчерашната трансакција во Вашингтон, префрлена е и последната рата од кредитната линија за претпазливост, вредна 174 милиони долари. Со тоа, како што соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заштедени се пет милиони евра на камати и курсни разлики, а подобрен е и имиџот на земјата зашто се намалени јавниот и државниот долг за 1,7 процентни поени. Кредитот во износ од 312 милиони долари беше земен во 2011 година, а почна да се враќа…
повеќе...Спасов: Во Охрид има повеќе од 90 позитивни одлуки на отпишани долгови досега
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во текот на вчерашниот ден, ги презентираа досегашните резултати и реализацијата на проектот и еднократен отпис на долговите на граѓаните кои што се наоѓаат во социјален ризик и кои се во најтешка социјална положба. Во рамките на Општина Охрид, согласно последните податоци, односно досега обработени предмети има повеќе од 90 позитивни одлуки кои што се доставени до граѓаните, одговори на новинарско прашање, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов по свеченото отворање на градинката во…
повеќе...Над 7 милиони евра отпишани долгови досега
Вкупно 427 милиони денари или над седум милиони евра е износот на досега еднократно отпишаните долгови. Реализирани се 4.670 барања од кои преку 90 проценти на лица приматели на социјална помош. Како што изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, најголем дел од долговите се сметки за струја – 407 милиони денари, радиодифузија – 5,1 милион, греење – 2,4 милиони, и долгови кон банки – 11,7 милиони денари. „Досегашната реализација на проектот се одвива задоволително, постигнат е добар прогрес, сите барања што се стигнати до Комисијата…
повеќе...Понеделник последен рок за барања за отпис на долгови
Понеделник е последниот рок кога граѓаните од ранливите категории може да поднесат барање за отпис на долговите. Продолжување на рокот ќе нема, а надлежните ги повикуваат граѓаните што ги исполнуваат условите да ги посетат центрите за социјална работа и да поднесат барање. Досега се поднесени околу 34.000 барања, а првите решенија се очекуваат меѓу 20 и 25 октомври. Заклучно со вчерашниот ден, како што инфомираа денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, доставени се околу 34.000 барања. Најголем дел, 11.000…
повеќе...Од понеделник граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата за отпис на долгови
Министерството за финансии го објави јавниот повик за еднократен отпис на долгови на најранливите категории, а од понеделник граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата во Центрите за социјална работа во местата во кои живеат или во оние најблиску до местото на живеење. „Со ова практично започна реализацијата на проектот за еднократно отпишување на долговите на најранливите категории на граѓани. Со неговата реализација Владата значително ќе им помоогне на најранливите категории на граѓани кои поради влошените финансиски услови и последиците од долготрајната европска и светска криза не можеле да ги…
повеќе...