Денес ќе се прикажува комедијата „Солунски патрдии“ во изведба на драмскиот клуб при СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Драмскиот клуб при СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид ги започнува активностите за Прослава на Патрониот празник 24 мај-Денот на Сесловенските Просветители Кирил и Методиј, со прикажување на комедијата „Солунски патрдии“. Комедијата ќе се одржи денес во Центарот за Култура „Григор Прличев“, со почеток во 18:00 часот. Влезот е слободен.

повеќе...

Детското драмско студио врши упис на нови членови

Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид / Народен Театар Охрид, информираат дека Детското драмско студио врши упис на членови, на возраст од 7 до 17 години. Сите заинтересирани љубители можат да се запишат во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Телефон за контакт 046/ 261-063.

повеќе...

Драмски театар ја отслика лакомоста што владее насекаде во светот

Алчноста, материјализмот, лакомоста како универзални и актуелни теми претставени на гротескен јазик, не ја оставија рамнодушна публиката на „Охридско лето“ која синоќа имаше чест премиерно да ја види театарската претстава „Ждрело“изведба на Драмски театар-Скопје. Претставата на текстот е универзална и актуелна. Се однесува на она што во моментов се случува буквално низ целиот свет-материјалистичко-лакома алчност. Беше доловен порокот на потрошувачката психологија којашто му е наметната на светот, со лакомоста, алчноста за пари, како компензација за нешто што недостасува. Според селекторот на драмската програма на „Охридско лето“,  Ѓорѓи Јолевски, оваа тема…

повеќе...