Општина Охрид отпочна со реализација на првата фаза од реконструкцијата на тротоарите на бул. „Туристичка“. Активностите се предвидени во програмата на „Секторот за комунални дејности сообраќај и улици“ за 2016година. При изведувањето на земјените работи – ископ на тротоарот на двете страни од бул.„Туристичка“ на потегот од ул.„Стив Наумов“ до кружен тек со ул.„Бистрица“ констатирано е дека атмосферската канализација е на површина со длабочина од приближно 20 до 30 см од котата на готовиот постоечки тротоар. По целата должина има видливи оштетувања на цевките со што е оневозможено функционирање на…
повеќе...Tag: дрвја
Розов дожд на охридскиот плоштад
Денешниот ветер кој ги „вознемири“ јапонските цреши од плоштадот до пристаништето во Охрид, направи розов „дожд“ од цветови кој претставува вистински феномен. Нашите сограѓани, но и бројните туристи, поминувајќи покрај овие дрвја направија фотографии за спомен од ова романтично попладне во Охрид. WebOhrid
повеќе...Се реконструира дрворедот по улицата „7-ми Ноември”
Екипите на „Паркови и зеленило” денеска започнаа акција за средување на дрворедот по ул. „7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика „Отекс” до ОЕМУЦ. „Св.Наум Охридски“. „Постоечкиот дрворед од јавори, лево и десно од коловозот, ќе се санира со кастрење на крошните од дрвјата на кои ќе им се даде форма пред пролетното раззеленување и оформување, а ќе се создадат подобри услови во движењето на пешаците и возилата.“– велат од претпријатието. Оваа акција ќе се одвива етапно во текот на месец март и се реализира согласно Програмата за јавно зеленило…
повеќе...Се санираат дрвјата и гранките во УЗ „Гоце Делчев“
Екипа на ЈП „Охридски Комуналец“ денес ги санираше дрвјата и ги сечеше гранките во шумскиот дел од УЗ 12 „Гоце Делчев” населба, Бараки. Една екипа на ова претпријатие работеше на раскопување и расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на „Булевар Туристичка”.
повеќе...Старите дрвја на Булевар Туристичка се заменуваат со нови
Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска на Булеварот „Туристичка“ во близина на градскиот пазар започнаа со теренски активности за освежување на дрворедите и промена на старите дрвја со нови од видот лигуструм. Акцијата е во рамките на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици и со истата веќе беа опфатени улиците „Димитар Влахов“ и ул. „Партизанска“ кои неколку месеци се украсени со дрвја од видот лигуструм. Стручните служби од Секторот за комунален развој при Општина Охрид, апелираат до граѓаните да се воздржат од несакани дејствија врз…
повеќе...