Енергетска ефикасност – значен дел од одржливиот развој на општините

Општините играат значајна улога во промоција на енергетската ефикасност преку развивање и имплементирање на стратегии кои ја подобруваат енергетската ефикасност во објектите и активностите кои се во нивна надлежност. На тој начин, покрај финансиски заштеди, обезбедуваат одржлив развој и намалување на влијанието врз животната средина. Заради тоа на воведувањето на енергетска ефикасност не треба да се гледа исклучиво како законска обврска, туку како можност за долгорочен економски и одржлив развој. Ова беше речено на седмата од серијата работилници за претставување на резултатите од проектот на Светска банка „Промоција на енергетска…

повеќе...

Во Струга ќе се одржи промоција на енергетска ефикаснот на општините од југозападниот регион

Консалтинг за стратешки развој во соработка со Светска банка и Агенцијата за енергетика на Република Македонија организира работилница за претставување на резултатите од проектот „Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија“. Работилницата ќе се одржи утре, со почеток во 10.30 часот во хотел Дрим, Струга. Во изминатите 18 месеци, преку грант финансиран од Светска банка, 8 општини во Република Македонија (Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман) добија техничка поддршка за изработка на различни документи кои се важни за енергетска ефикасност на општината (програми, акциски планови,…

повеќе...

Македонија и Албанија ќе соработуваат во енергетиката

Македонија и Албанија се мали држави и имаат потреба од меѓусебно енергетско поврзување што е од интерес на двете земји. Овие проекти значат и нов регионален пазар во енергетиката што е добро за двете земји, но и за целиот регион, заклучија министерот за економија на Република Македонија Беким Незири и министерот за енергетика и индустрија на Албанија, Дамиан Ѓикнури на денешната средба во Струга, на која беше потпишан и меморандум за соработка меѓу двете држави во областа на енергетиката. Преку потпишувањето на меморандумот, според министерот Незири, се потврдуваат и продолжуваат…

повеќе...

„Алкалоид“ со престижна награда – Најдобар регионален проект за енергетска ефикасност

Континуираните заложби на „Алкалоид“ за заштита на животната средина и за енергетски ефикасното работење овој пат беа наградени со престижно признание за „Најдобар регионален проект од областа на одржливата енергија“. Проектот „Надворешна реконструкција на објект за производство – Фармација“, финансиран од Програмата WeBSEFF (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility), беше награден во категоријата „Енергетска ефикасност при реконструкција на деловни згради“ на свечена церемонија во Загреб. Оваа програма се реализира во следните држави од регионот: Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Досега во „Алкалоид“ се реализирани четири проекти поврзани со…

повеќе...

„Енергетска математика“ емисија за енергетска ефикасност

Енергетска математика е новата активност на ЕВН и Агенцијата за енергетика која се спроведува во рамките на Платформата за енергетска ефикасност. Преку сериал на емисии, кој денеска беше промовиран, граѓаните ќе можат да се запознаат со начинот на кој ќе можат да ги применат принципите на енергетска ефикасност во својот дом, како и начинот на кој работат енергетските контролори на терен. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер истакна дека енергетската ефикасност овие денови е многу експлоатирана тема, но за неа не се зборува многу во однос на нејзината…

повеќе...

Цената на нафтените деривати останува иста

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,02%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.09.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1…

повеќе...

Незири: Во Македонија нема енергетска криза

Во Македонија нема енергетска криза, но ќе имаме реални проблеми доколку продолжи блокадата на сметката на АД Макпетрол. Не сакам да ги коментирам процедурите што ги спроведуваат судовите, но како министер за економија ќе застанам во заштита на компаниите, а секако нема да го поддржам и незаконското работење. Ова го истакна министерот за економија Беким Незири по средбата со претставници на компаниите кои имаат лиценца за трговија со нафта и нафтени деривати и природен гас. „Нема да ги коментирам судските одлуки, но секоја власт, вклучувајќи ја и судската, треба да…

повеќе...

Горивата поевтинуваат за 3,5 денари

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

повеќе...

Горивата поевтинуваат за 2 денари

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 17.11.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,153 ден/кг, во однос на цената утврдена…

повеќе...

Од полноќ поскапуваат бензините

Од вечерва на полноќ поскапуваат бензините, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,71%. Така, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС -95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува 55,00 ден/лит. Малопродажната цена…

повеќе...