Утре промоција на прирачникот „Наши совети за ваша поголема безбедност“

По повод 7-ми ноември-Денот на ослободувањето на Охрид, Здружението на пензинери од Охрид и Дебрца, ЗП Струга и Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи-Охрид, ќе го промовираат прирачникот, „Наши совети за ваша поголема безбедност“. Воведничари ќе бидат преставници на ЗП на Охрид и Струга и СВР Охрид. Во вториот дел од промоцијата, група на ученици од основните училишта од Охрид, под раководство на наставничката во пензија Ристана Мојсоска, ќе изведат пригодна програма, посветена на Денот на ослободувањето на Охрид. Гости ќе бидат заменик –градоначалникот Ангел Јанев, директорот на…

повеќе...

Здружението на поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито – преименувано во Здружение „Титоисти“

Здружението на поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито, е преименувано во Здружение „Титоисти“, од Охрид, како целосно независен огранок од партијата „Титови Леви Сили“. За таа цел, во текот на минатата недела беше одржано и Основачко собрание на здружението, на кое присуствуваа триесет членови. Од нив, единаесетмина беа назначени во Управниот Одбор, и тројца во Надзорниот Одбор. За претседател беше избран Радоја Митрески. Потпретседателската фунција ја презеде Димитрија Стојкоски – Лепи. Новото здружение насоро ќе биде претставено и на прес конференција, на која што ќе бидат соопштени…

повеќе...

Формирано здружение на Пензионери во општина Дебрца

Денес во просториите на општина Дебрца се одржа оснивачко собрание на Пензионерите од општината, на кое се донесе одлука за формирање на здружение на Пензионери на општина Дебрца со седиште во с.Мешеишта. За Претседател на здружението се избра Сисоја Иваноски од с.Горенци. Собранието го донесе Статутот на здружението како и програмата за работа на здружението на Пензионери на општина Дебрца. Собранието избра извршен одбор од 5 члена и надзорен одбор од 3 члена со мандат од 4 години.

повеќе...

Честитка на Здружението на поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз – Тито, Охрид по повод 11-ти Октомври

По повод 11-ти Октомври, Здружението на  поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз – Тито, Охрид упати честитка, во која стои: „Македонија во аналите на својата историја, најсилно го запечатува името на еден од најзначајните датуми во борбата за своја слобода и своја држава, 11-ти Октомври. На овој ден, ехото од Прилеп и Куманово, одекна силно во сите краишта на нашата земја, и сите нејзини синови застанаа силно и обединето под татковинското знаме, под кое подоцна беше извојувана и најголемата од сите победи, онаа за сопствениот идентитет и интегритет, за…

повеќе...

Здружението „Велгошка Гордост“ ја поздравува иницијативата за промена на името на кејот во Македонија

Здружението „Велгошка Гордост“, денес испрати соопштние до медиумите, во кое стои: „Здружението „Велгошка Гордост“, ја поздравува промената на името на кејот во Македонија и тоа што некој конечно се реши ова диктаторско име да го испрати во историјата на неславните. Името кое многу македонци ги асоцира на темнина, името кое Судените за Македонија и нивните најблиски ги потсетува на Голи оток со промената на кејот во Македонија, ова мрачно сеќавање на македонците заминува во темната историја и конечно жртвите на тој режим ќе добијат спокој. Благодарни сме што оваа Локална…

повеќе...

Здружение „Христо Узунов“: Ја поздравуваме иницијативата за промена на името на кејот во Охрид

Здружението „Христо Узунов“ ја поздравува иницијативата на локалните власти конечно да се промени името на кејот во Охрид и да се избрише името на диктаторот Јосип Броз Тито од мапата на нашиот Охрид. Конечно дојде денот кога најрепрезентативниот кеј во нашата држава ќе го добие името Македонија кое природно му договара, а името кое Судените за Македонија ги потсетува на Голи оток и темнината на комунизмот ќе замине на ѓубриштето на историјата, онаму каде природно припаѓа. Сите оние кои биле кодошени, угнетени, деградирани, малтретирани и уништувани затоа што се бореле…

повеќе...

Честитка по повод 4-ти Јули, Ден на борецот

Почитувани сограѓани,  Во овие тешки времиња, кога се забораваат основните вредности и постулату на слободата на македонско тло, и споменот на нејзините творци се повеќе избледува, дозволете да се потсетиме, а помладите генерации да ги научиме на значењето и на истрајната симболика на денешниот датум, Денот на борецот. Денес е мигот на мало приспомнување на најхрабрите меѓу својата генерација, вградени во колективната македонска историја, посебно од периодот на Втората Светска Војна,  во денешно време склона на прекројување и на повторно пишување.  Без нивната беспоштедна партизанска и искрена саможртва, која во…

повеќе...